Свирепо мачени, убиени и закопани под палма: Брачниот пар од БиХ ги убил чувар од хотелот


Египетската полиција во петокот навечер ги пронашла телата на двајцата швајцарски државјани убиени и закопани под палма во дворот на нивната вила во Хургада. Според медиумите во Босна, се работи за брачниот пар Фахрудин и Сејида Муратовиќ од Теочак.

EGYPT-SWITZERLAND-TOURISM-CRIME„Сите сме во шок и неверување. Требаше да се вратат дома во Швајцарија пред Нова Година. Меѓутоа, десетина дена не се јавувале, после што нивната ќерка повикала полиција, која на крајот открила дека се убиени и закопани под палмата во градината на нивната вила во Хургада“ – рекла нивната роднина Фадила.

Според новите официјални информации, Фахрудин и Сејида ги убил чуварот на нивната куќа со помош на два пријатели, за да го ограби нивниот имот. Портпаролката на швајцарското министерство за надворешни работи Карол Ваелти прецизирала дека министерството „е во контакт со египетската полиција која спроведува криминалистичка истрага“, додавајќи дека „злосторите над странците се многу ретки во Египет“.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1