Јапонецот Микико Окада замрзнал штитејќи ја својата 9-годишна ќерка од снежна виулица на јапонскиот остров Хокаидо. Нивниот автомобил останал блокиран од високите снежни навеви на патот до училиштето во кое учела Нацуне.
По нив се трагало повеќе од 12 часа, а биле најдени од спасувачките екипи на само 300 метри од автомобилот. Таткото бил мртов, а девојчето, завиткано во капутот на таткото, било во негова прегратка.
Микико Окада починал штитејќи ја својата единствена ќерка Нацуне, од ветрот кој дувал со брзина од 109 километри на час и температура којашто се спуштил ана минус 6 Целзиусови степени.
Тие останале во неволја откако нивниот автомобил останал блокиран во неколку метри високите снежни навеви на патот до училиштето во кое учела Нацуне. Нацуне била измрзната, но од тоа нема да има потешки последици, пренесуваат јапонските медиуми оддавајќи му чест на херојскиот подвиг на нејзиниот татко.
Микико Окада е деветтата жртва на снежната бура која викендов го зафати јапонскиот остров Хокаидо.
makfax