СЗО: Новиот коронавирус се пренесува од човек на човек


Веројатно е дека новиот коронавирус кој во Саудиска Арабија и во Европа уби 18 луѓе може да се пренесува од човек на човек, објави во неделата Светската здравствена организација (WHO).

Bulgaria„Најмногу загрижува фактот што групирањето на заболените во различни земји се` повеќе оди во прилог на хипотезата дека со близок контакт коронавирусот може да се пренесе од човек на човек”, изјави за медиумите помошникот директор на СЗО, Кеиџи Фукуда по посетата на Саудиска Арабија,

Во Франција веќе е дијагностициран и вториот случај на овој коронавирус (nCoV) кој потсетува на SARS (Severe Acute Respiratory Syndrome – SARS – „атипична пневмонија”) и најверојатно станува збор за болест којашто може да се пренесува меѓу луѓето.

Новозаразениот пациент бил во истата болничка соба со единствениот досега потврден заболен во Франција, потврди француското министерство за здравство. Според француските здравствени власти, во првoт случај кај кој е потврдено присуството на овој вирус заразениот на 23-ти април се вратил во Франција од Обединетите Арапски Емирати. Сега овој 65-годишник е згрижен на оддел за реанимација и интензивна нега, засебно од другите пациенти. Двајцата инфицирани сега се во изолација во болница во градот Лил,

Првите случаи на инфекција со новиот вирус беа регистрирани во средината на 2012 година. До денес вирусот е откриен кај пациенти во Саудиска Арабија, Јордан, Велика Британија и Германија. Од 34 случаи на овој сој вирус на тешкиот акутен респираторен синдром, 18 лица починаа, од кои 11 во Саудиска Арабија, а седум во првата седмица во мај.

Тешкиот акутен респираторен синдром (Severe Acute Respiratory Syndrome – SARS – „атипична пневмонија”) е заразна болест која првпат беше откриен во ноември 2002 година во јужниот дел на Кина, а се прошири во 29 држави. И покрај тоа што имаше релативно мал број случаи регистрирани во светот, опасноста од инфекции и ширење на епидемијата е реална бидејќи широката светска популација нема стекнато имунитет

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1