Т-Home ги предупредува корисниците на зголемен број измами преку електронска пошта


Се поголем број граѓани кои се корисници на електронска пошта се жртви на т.н. фишинг или измама со добивање пораки со лажни понуди.

Операторот Т-Home излезе со известување дека веќе е регистриран зачестен прием на пораки преку кои се нуди сомнителна финансиски поволна услуга или стока или пак се бараат лични податоци заради злоупотреба и оштетување на корисниците.

phishing_lotteryСе работи за облик на измама преку кој испраќачот се обидува од корисниците да добие доверливи лични податоци како што се лозинки, ПИН-кодови и слично. Во пораките најчесто се повикуваат на лажни веб страници, кои според изгледот целосно одговараат на веб страниците на легитимните компании.

Од Т-Home предупредуваат дека најчести форми на фишинг се лажно известување со кое од корисникот бара да ги наведе личните податоци за да се спречи укинување на неговата корисничка сметка или пак лажна порака од администраторот во која се бараат податоци од корисникот, како што е лозинката. Исто така, фишинг е и добивањетро пораки со кои се известуваат корисниците дека имаат добивка на лотарија и дека на испраќачот на пораката му се потребни нивните лични податоци за да можат да ја подигнат наградата.

Фишимнг пораката најлесно се прпепознава по тоа што измамниците често го копираат визуелниот изглед на вистинските веб страници на банките и други компании.

Во последно време лажните пораки се во целост идентични со оригиналите, меѓутоа постојат одредени детали кои ја откриваат измамата, како што се правописни и граматички грешки, лажни линкови и пораки, се бараат лични податоци или пак се бара инсталирање на програма за која се тврди дека ќе го поправи пронајдениот сигурносен пропуст.

Затоа корисниците на електронска пошта не треба да одговараат на пораките кои бараат лични податоци, како и да користат сложени лозинки што често ќе ги менуваат, се вели во предупредувањето од Т-Home.

Канал8.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1