Tаа има 71, тој 17 години: Се омажила за најдобриот другар на нејзиниот починат син


Последната работа што Алмеда Ереј (71) ја очекувала да ја најде на погребот на синот била љубовта на својот живот, Гари Хардвик (17), тинејџерот кој се дружел со нејзиниот син.

По три недели од погребот, Алмеда и и Гари се венчале.364D36E400000578-0-image-a-15_1468573523830

– Не барав помлад маж, но Гари случајно се појави. Веднаш знаев дека тој е вистинскиот – рекла Алмеда, која е асистент менаџер во супермаркет.

Мајката на четири деца била скршена од болка откако го изгубила својот најстар син Роберт (45), кој добил напад и починал.

– Се вратив на работа во „Валмарт“, во солзи, а колегите ме прашаа што е погрешно. Длабоко во себе знаев дека сум во потрага по сродна душа – раскажала таа.364D36D000000578-0-image-a-14_1468573509506

Гари, кој отсекогаш им бил привлечен на постарите жени, признал дека е многу несреќен, бидејќи „заглавил во врска со една постара дама која има 77 години“. Меѓутоа, кога ја запознал Алмеда, тоа било љубов на прв поглед! Имено, еден од внуците на Алмеда е само три години постар од Гари.

– Таа ги има најубавите сини очи. Кога ѝ реков на сопругата на Роберт, Лиса, дека Алмеда ми се допаѓа, ми рече дека и нејзе ѝ се допаѓам и дека треба да бидеме заедно – рекол Гари.364D32FD00000578-0-Almeda_knew_straight_away_that_Gary_was_the_man_for_her_after_bu-m-12_1468573416610

Набрзо потоа, се нашле на роденденот на ќерката на Лиса и ја започнале романсата. Од тој момент се гледале секој ден, две недели подоцна Гари ја запросил, а таа прифатила.

Шест дена по просидбата двојката се венчала, во бавчата на Лиса каде првпат се бакнале.

– Беше прекрасно, ниту во најлудите соништа не го сонував ова. Таа е жената на моите соништа, а физичката страна на нашиот однос не може да биде подобра – рекол Гари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1