Кичевец пронајден мртов со прострелна рана во главата


Шеесет и три годишниот М.З. од с.Трапчин Дол, кичевско вчера вечерта бил пронајден мртов од страна на полициски службеници.lenta policija telo

Од МВР денес информираат дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај м.в.„Сеферов Бунар“, полициски службеници забележале паркирана „Шкода Фелиција“ со охридски регистарски ознаки, а до возилото бил пронајден починат М.З. со прострелна рана во пределот на главата нанесена од огнено оружје.

Покрај истиот бил пронајден и пиштол.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС-Кичево. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1