Тачи: Ме молеа насилно да го срушиме Груевски -Еве ги СМС пораките што Заев му ги праќал на


„Замолувам. Зоран Заев“, „Ќе ме задолжите“, „Претседателе, Ве молам да се слушнеме. Барем еден разговор. Благодарам. Зоран Заев“. Ова се само некои од СМС-пораките, што претседателот на СДСМ, Заев, му ги испраќал на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во периодот од локалните избори, па с` до распишувањето на предвремените парламентарни избори.

Zaev-Taci-sms11

Тачи, кој вчера лично ги обелодени пораките, го обвини Заев дека води подземна политика и кампања против него бидејќи ги одбил двете партии тајно да соработуваат. Додека, од една страна, вели Тачи, Заев го молел за соработка, од друга, преку опозициски портали, работел и плукал против него. Тој се решил да ги обелодени пораките за валканата игра на Заев.

СМС-пораките биле испраќани во секое време, наутро, во текот на денот, доцна навечер, а една од нив открива детали за тоа дека Заев му нудел соработка на Тачи за локалните избори за Тетово.

„Претседателе, со Сади Беџети имаме одлична соработка. Нашите во Тетово целосно се задоволни од соработката со Сади и покрај нашите насоки да го поддржат во вториот круг, тие природно сакаат Сади да победи. Ве молам да се слушнеме. Моите дадени насоки се да воспоставиме добра соработка само со вас. Перспективите во регионот се воспоставување соработка со тројката, која ќе има големи придобивки во иднина, а тоа сте вие, Харадинај и Бериша. За тоа ме подготвуваат и повисоките надвор од Македонија… Ве молам да поразговараме, Зоран Заев“.

Zaev-Taci-sms

Или пораката: „Претседателе, ВМРО-ДПМНЕ од Тетово преговара со ДУИ. А ние можеме практично да покажеме со кој сме во Тетово. Лично ќе дојдам и ќе учествувам во кампањата на Сади и на ДПА во Тетово. А значам многу не само за Македонците на СДСМ туку и за сите Македонци во Тетово. Kако и да одлучите, ќе имам разбирање, политика е… Бог да е со сите нас и на Вас не Ви е лесно, Зоран Заев“.

Прашан дали Заев барал насилно уривање на власта, лидерот на ДПА потсети:

– Тоа го бараше другиот. Пораката за Сади Беџети е додека друг беше претседател на СДСМ. Тоа беше критичната точка за да ја раскинеме соработката.

Од СДСМ вчера порачаа дека со прес-конференцијата на Тачи излегла на виделина коалицијата „Сушико“ помеѓу директорот на УБK, Сашо Мијалков, и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1