Неприфатливо е во 21 век да не’ принудуваат да размислуваме и да гласаме за претседателски кандидат Македонец, изјави вчерa, Мендух Тачи.
Лидерот на ДПА говореше на форумот организиран од страна на жените од Демократската партија на Албанците во Македонија. Во своето обраќање Тачи нагласи дека тие како партија имаат одличен кандидат за претседател на Македонија, а државата е во вонредни недоразбирања кои ни прават некои Албанци.
-Незамисливо е во 21 век да не притискаат да размислуваме и гласаме за еден македонски кандидат. Што треба да значи ова, целосно компромитирање на нашите барања. И од тука излегува главната причина зошто ние професорот Илјазин го кандидиравме за претседател. Тој е единствен албански кандидат, само за да не ги засрамиме Албанците во Македонија, рече Тачи.
Kurir