Тачи смета дека во Куманово имало меѓуетнички проблем


Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи на прес-конфренција по повод случувањата во Куманово, иако рече дека има лимитирани информации, потенцираше дека станува збро за меѓуетнички проблем

Според него треба да се интензивира дијалогот меѓу Македонците и Албанците за да не дојде до слични ситуации.
­

– По тие информации што ги имаме тоа се квалификува како меѓуетнички конфликт. Навистина треба да се очекува да се расветли ситуацијата и тогаш да видиме што све таму се случувало. Очигледно Македонија се наоѓа во една шизофренична позиција. Некој дојде во 2001 и рече со војна не ослободи, а такви проблеми уште ни се повторуваат. Мора итно да се седне за дијалог за суштиснките прашања, зошто понатаму ќе се искомплицираат сите работи во Македонија. Мислиме дека треба да се вратиме на агендата што е агенда на Албанците, верувам и на Македонците, а таа агенда е интеграцискиот процес што побрзо да се деблокира – рече Тачи.taci71

Лидерот на ДПА, смета дека нови играчи прават стар филм, објаснувајќи дека како во 2001 така и сега некој сакал вината да ја префрли кон него.

-­ Рекоа дека сум зборувал со некој кој учествувал во престрелката, но очигледно е, и расчистивме дека станува збор за друга личност. Така во 2001 ме посочија дека јас и Џафери сме ја направиле војната, а исто сега. Но сериозна е ситуацијата, па затоа зборувам претпазливо па така во иднина ќе кажам некои работи – рече Тачи.

Според него Албанците не треба да подлегнуваат на тактиката на Албанци кои се, се, само не Албанци и кои ги навредиле политичките водачи во Албанија и Косово.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1