12/03/2018 20:25
•
Posted by: MK News
Синиша Дабиќ, вработен во белградскиот аеродром „Никола Тесла“, пронашол изгубени 40.000 евра и ги вратил на сопственикот. Тој црната торба ја нашол на паркингот, ја отворил и внатре имало лаптоп компјутер и полн паричник. Чесниот пронаоѓач за своето дело не сакал никаква награда. – Го запознав човекот, дојде по половина час и целиот беше среќен. […]
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2018 12:57
•
Posted by: MK News
На социјалните мрежи се шират фотографии од расфрлани обувки на Скопска Црна гора, меѓу Чучер Сандево и Горно Блаце. Загрижени граѓани на социјалните мрежи објавуваат фотографии од депонија полна со обувки на локација, како што наведуваат, на Скопска Црна Гора. Граѓаните бараат комуналната инспекција да излезе веднаш на терен и да го пронајде несовесниот загадувач, […]
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2018 12:47
•
Posted by: MK News
Македонската радио-телевизија вечерва ја промовираше песната со која групата Ај Кју ќе ја претставува Македонија на Евровизискиот фестивал на 8 мај во Португалија. Автор на музиката и на текстот на песната Lost and Found e Бојан Трајковски, а аранжанот и продукцијата се на Дарко Димитров. Истовремено беше промовиран и видео-спотот за песната, чиј режисер е […]
______________________________________________________________________________________________________
08/03/2018 17:09
•
Posted by: MK News
Правна блокада се подготвува врз правосудните институции од страна на 3000 адвокати доколку Владата го одобри новиот предлог закон за нотаријат со кој се одземаат голем број на ингеренции на адвокатите, а им се даваат на нотарите, објави порталот Судство.мк. Новото решение кое е подготвено од страна на Министерството за правда, предвидува адвокатите да се […]
______________________________________________________________________________________________________
08/03/2018 13:08
•
Posted by: MK News
Семејството на несреќно починатиот фитнес тренер и модел Александар Грујовски, по објавениот напис за барање помош за транспорт на неговото тело од Малта во Македонија вели дека станува збор за лажен повик и дека тие не побарале никаква финансиска помош. Велат дека случајот е веќе пријавен во полиција. „Не бараме никаква помош. На нашата несреќа […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2018 11:51
•
Posted by: MK News
Женско бебе на на 14-месечна возраст вчера починало во приватна болница во Скопје, каде било пренесено откако паднало од височина од 2,5 метри. Бебето се оттргнало од рацете на бабата кога биле на меѓуспрат во влез и преку прозорец паднало надвор. Задобило скршеници на черепот и крварење во мозокот и покрај интервенцијата во болницата, починало […]
______________________________________________________________________________________________________
05/03/2018 15:36
•
Posted by: MK News
Во три поглавја, за името, опсегот на употреба и акронимите, според грчки „Катимерини“, постигнат е договор меѓу Скопје и Атина. Весникот коментира дека преговорите се претвораат во нерешлива загатка и покрај почетниот зголемен оптимизам од Атина. Грчката влада, како што пишува „Катимерини“, сега се соочува и со опозициската Нова демократија, која бара промена на Уставот, […]
______________________________________________________________________________________________________
05/03/2018 15:24
•
Posted by: MK News
Џејн Фонда (81), славната холивудска актерка, ги воодушеви сите со доаѓањето на 90. доделување на Оскарите во долга, бела тоалета Малку кој би поверувач дека Џејн влезе во деветтата деценија од животот. Добитничката на два Оскари, за улогите во филмовите „Детектив Клут“ и „Враќање дома“, ги засени многу помладите колешки со својот изглед, стајлинг и […]
______________________________________________________________________________________________________
05/03/2018 15:13
•
Posted by: MK News
Падна првата оставка во Државната комисија за спречување на корупцијата. Членот на Комсијата и поранешен претседател, Горан Миленков си поднесе оставка, но не ги објасни причините за телевизијата. Ова е прва оставка по скандалот за несовесно трошените пари од страна на членовите на Антикорупциска. Се појавија тврдења во медиумите дека членовите со лажни патни налози […]
______________________________________________________________________________________________________
03/03/2018 16:28
•
Posted by: MK News
Медицински сестри од Србија заминуваат на работа во Норвешка каде за еден месец заработуваат десет плати кои би ги земале во Србија за десет месеци. Оние кои веќе се таму велат дека платата на болничарот во Норвешка е 2500 евра, а на медицинска сестра 3000.Маријана Гајиќ има 28 години и веќе една година е во […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2018 15:20
•
Posted by: MK News
„Нападот против Александар Македонски е напад против целиот Македонски народ! Нападот против Александар Македонски претставува објавување на војна! А ова е војна која треба и мора да се добие, па дури и по цена на нашите животи! Никогаш нема да им простиме на предавници, утре допрва доаѓа!Борбата за Македонија допрва доаѓа!“, напишаа Тврдокорните на својата […]
______________________________________________________________________________________________________
27/02/2018 22:25
•
Posted by: MK News
Движењето „За заедничка Македонија“ вечерва во Скопје одржа протест на кој беше побарано прекин на преговорите за името, зачувување на идентитетот на нацијата, повлекување на Законот за употреба на јазиците, отфрлање на договорот со Бугарија… Во првите редови на протестот беа Сотир Костов, Тодор Петров, владиците Агатангел и Петар, претставници на македонската дијаспора… – Македонците […]
______________________________________________________________________________________________________
26/02/2018 20:14
•
Posted by: MK News
Лекарска грешка најверојатно е причината за смртта на родилката од Кичево која почина за време на царски рез во Санте Плус. Неофицијално, тоа го покажува обдукцискиот наод кој уште минатата недела бил доставен до обвинителството и до комисијата формирана од МЗ. За време на анестезијата, според неофицијалните информации, тубусот наместо во душникот и бил поставен […]
______________________________________________________________________________________________________
22/02/2018 16:15
•
Posted by: MK News
Почина веганката Мари Лопез, која стана популарна по Јутјуб каналот за здрав начин на живот, што го водеше со нејзината внука Лиз Џонсон. Лопез, која во своите емисии тврдеше дека веганството може да излекува од рак, почина по медицински третман за карцином на дојката. Според нејзината внука причина за неуспешното лекување е тоа што во […]
______________________________________________________________________________________________________
21/02/2018 14:01
•
Posted by: MK News
Според сведоштво на велешанец за порталот „Сакам да кажам“ 13-годишното девојче од домот „25 мај“ пред четири месеци било пронајдено во бесознание среде улица. Како што тој вели за „СДК“ девојчето било пронајдено во бесознание во ноември минатата година во вечерните часови, а по објавувањето на случајот во медиумите сфатил дека стануа збор за истото […]
______________________________________________________________________________________________________
17/02/2018 14:43
•
Posted by: MK News
Таа палата веќе не постои. Урната е во 1946 година откако беше тешко оштетена две години порано во текот на бомбардирањата во Втората светска војна. А беше една од најубавите згради во Букурешт кога беше завршена во 1901 г., токму онаква за да го одрази духот на нејзиниот градител, принцот Григорие Стурдѕа, кој беше многу […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2018 14:36
•
Posted by: MK News
Силуваното тринаесетгодишно ромско девојче, штитеник на државната институција за згрижување деца „25 Мај“, имало макро, според неговите изјави давани во полиција, а за кои информира и Министерство за труд и социјална политика. МВР и дополнително истражува дали девојчето доброволно ги вршело сексуалните дејства бидејќи тоа посочувало лица со име и презиме за кои велело дека […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2018 14:18
•
Posted by: MK News
Посетата на бугарскиот претседател Румен Радев го блокираше Скопје. Повеќе сообраќајници десетина минути беа блокирани поради делегацијата на бугарскиот претседател. На видеото објавено на фејсбук, може да се забележи како полицијата не пропушта амбулантно возило кое пренесува пациент, поради странската делегација. Очигледно меѓународните односи и протоколи се поважни од човековиот живот.
______________________________________________________________________________________________________