Tag Archives: s2

КОЈА Е ФАТАЛНАТА АЛИС ХУАНГ ШТО ГО ЗАКОПА ПРВИОТ ЧОВЕК НА „ЕНВИДИЈА“

Постојат малку јавно достапни информации за Алис Хуанг – жената која, наводно развила однос со лидерот на „Nvidia“,  Џенсен Хуанг Американските власти дошле до заклучок дека таа, всушност, била и шпион на Пекинг, која одржувала љубовна врска со Џенсен Хуанг, извршниот директор на „Nvidia“ – компанија за чипови која е клучна за американските амбиции да […]

______________________________________________________________________________________________________

Од 1 декември нови правила за боледување: Само 5 дена од матичен

Од 1 декември започнува примената на нови правила за одобрување боледување, со кои се скратува периодот во кој матичниот лекар може да одобри отсуство без дополнителни дијагностички критериуми. Наместо досегашните седум, тој период ќе изнесува пет дена, а за продолжување ќе бидат потребни дополнителни испитувања или специјалистички прегледи, во зависност од здравствената состојба на пациентот. […]

______________________________________________________________________________________________________

ПАРИТЕ НА ИДНИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ ОД ВТОРИОТ СТОЛБ ЌЕ СЕ ВЛОЖУВААТ СПОРЕД НИВНАТА ВОЗРАСТ

Комисијата за социјална политика, демографија и млади и Законодавно-правната комисија денеска во прво читање расправаа и ги проследија во натамошна расправа предлог законите за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување. Со нив се предлага  воспоставување три вида на портфолија: растечко, балансирано […]

______________________________________________________________________________________________________

Што ќе се случи со „Алта банка“ во Македонија?

Одземањето на дозволата за работа на „Алта банка“ Белград отвора прашања за иднината на нејзината македонска банка, АЛТА банка АД Битола, поранешна Стопанска банка Битола, во која белградската банка е доминантен сопственик. Иако двете банки се одделни правни лица и се под надзор на различни централни банки, случувањата во Србија ја отвораат дилемата за финансиската […]

______________________________________________________________________________________________________

ШТО ЈАДЕМЕ? ЗАПЛЕНЕТИ ТОН ПИЛЕШКИ ЖЕЛУДНИЦИ ОД МЕСАРНИЦИ ВО СТРУГА И ВО ОХРИД

Еден тон пилешки желудници се запленети и уништени при вонредни инспекциски контроли во месарници во Струга и Охрид, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Станува збор за производ чиј увоз и употреба во производството на храна за луѓе се забранети уште во јули 2024 година. Инспекторите заплениле и уништиле и 55 килограми месни подготовки […]

______________________________________________________________________________________________________

МАКЕДОНИЈА ,,ВИСИ,, НА ИНТЕРНЕТ

Податоците на Државниот завод за статистика за првите три месеци од 2026 година покажуваат дека 93,7 проценти од населението на возраст од 15 до 74 години користело интернет, а 81,2 процент купувале стоки или услуги онлајн во последните 12 месеци. Во првото тримесечје од 2026 година, 93,7 проценти од населението во земјава на возраст од […]

______________________________________________________________________________________________________

ЛОКАЦИЈАТА ЗА ДАТА-ЦЕНТАРОТ Е ИЗБРАНА, КАМЕН ТЕМЕЛНИК ДОГОДИНА

Камен-темелникот на националниот центар за податоци би можел да биде поставен во 2027 година, а локацијата за неговата изградба веќе е избрана, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Државата сè уште бара меѓународен финансиер и работи на урбанистичката документација, додека неодамнешната поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“ покажа колку се ранливи постојните државни […]

______________________________________________________________________________________________________

Перински: Не го скратуваме правото на боледување – ги осовременуваме критериумите

Предложените измени на правилата за боледување не го скратуваат правото на боледување, туку предвидуваат медицинските критериуми за продолжување да почнат да се применуваат по петтиот наместо по седмиот ден, вели директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински. Во интервју за „Република“, Перински појаснува дека петтиот ден не претставува максимално времетраење на боледувањето, туку момент […]

______________________________________________________________________________________________________

Прогласена епидемија на западнонилска треска во делови од Скопје

Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје од Скопје прогласија епидемија на западнонилска треска на подрачјето на следните делови од Скопје: Кисела вода кај Пржино, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден, Драчево, Идризово, Јурумлери и Трубарево. Во моментот регистрирани се 26 случаи од страна на ИЈЗ, а за 24 се потврдени дека се носители […]

______________________________________________________________________________________________________

ФЗО најавува засилени контроли, под лупа лекувањата во странство и долгите боледувања

Новиот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Златко Перински, најави засилени контроли на лекувањата во странство, боледувањата подолги од 30 дена и трошоците за ортопедски помагала. Според него, токму овие три области со години се посочуваат како најпроблематични во ревизорските извештаи. Перински, кој ја презеде функцијата на 13 јули, на денешниот брифинг со новинарите […]

______________________________________________________________________________________________________

ДСП Ленка: До кога бременоста ќе биде причина за мобинг и отказ?

Во медиумите беше споделена информација за мобинг и вршење притисоци врз бремена работничка со цел таа да си даде отказ и ги загуби работничките права стекнати со бременоста. Два дена откако дознале дека вработената е бремена, сопствениците почнале да ѝ поднесуваат дисциплински опомени со притисок за отказ, таа се разболела од стрес и ги пријавила […]

______________________________________________________________________________________________________

Рокови за поднесување барања за надомест на штети

Локалните самоуправи низ државата отворија рокови за пријавување штети од неодамнешните временски непогоди, повикувајќи ги граѓаните и компаниите навремено да поднесат барања за обештетување. Во струмичкиот регион, жителите на Струмица, Ново Село, Босилово, Василево и Радовиш кои претрпеле штети од силниот ветер на 20 и 21 јули, можат да аплицираат во своите општини. Рокот за […]

______________________________________________________________________________________________________

За клупи, летниковци, огрев за загрозени семејства – каде ќе завршат паднатите дрва од невремето

Силното невреме што го зафати Скопје на 21. јули донесе ветришта со брзина од 130 километри на час, предизвикувајќи уривање на стотици дрвја, особено во Градскиот Парк, населбите Карпош и Аеродром, како и на гробиштата „Бутел“. Првичните пријави од МВР за 189 паднати стебла брзо беа надминати со многукратно поголеми проценки на терен. Екипите на […]

______________________________________________________________________________________________________

До крајот на летото ќе се знае локација за нов клинички центар

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на летото да биде заокружен процесот за избор на локација за новиот клинички центар, по што ќе може да започне подготовката за реализација на капиталната здравствена инвестиција. Одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на реконструираното Одделение за трауматологија во ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум […]

______________________________________________________________________________________________________

Нови правила на ЕУ за патниците со авион

Европскиот Парламент ги изгласа новите европски права на патниците во воздушниот сообраќај. Големо мнозинство од 646 европратеници гласаа за реформата. Родителите во иднина ќе можат бесплатно да резервираат седиште до своите деца. Нискобуџетните авиокомпании досега делумно наплатуваа дополнителни такси за тоа, поради што веќе беа под лупа на надлежните органи. Правилата во врска со надоместокот […]

______________________________________________________________________________________________________

Срцето не застана –  срце од починат дарител продолжи да чука во градите на 52-годишен пациент

Едно семејство, во најтешкиот момент од животот, донесе одлука да спаси животи. Срцето не застана. Само продолжи да бие, во градите на некој друг“, пишува во емотивната објава на Фејсбук. На Клиниката во Скопје е направена трансплантација на срце, а го доби 52-годишен пациент, по 4 години чекање. Од Министерството за здравство, кое ја објави убавата […]

______________________________________________________________________________________________________

АХВ да ги открие млекарниците што ставеле „хемија“ во сирењето

Бурни реакции кај сточарите предизвика веста на Агенцијата за храна и ветеринарство дека кај десет млекарници се утврдени неправилности во однос на квалитетот и означувањето на млечните производи што се продаваат во маркетите. Сточарите уште пред три месеци кога министерот Цветан Трипуновски беше во Битола му кажаа дека наместо млеко граѓаните пијат „хемија“. Сега заради […]

______________________________________________________________________________________________________

Новиот систем за влез во ЕУ ЈА БЛОКИРАШЕ ГРЦИЈА – барат решенија

Целосната имплементација на системот со биометриска контрола на патниците, создаде проблеми и редици и на граничниот премин Евзони-Богородица за влез во Грција, а пред две седмици реагираа и од Унијата на полицајци од Килкис, кои преку соопштение рекоа дека е „срамно и неприфатливо она што се случува на граничните премини поради ЕЕ системот“. Новиот систем […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1