Tag Archives: s3

Апелација ја намали казната – Четири години затвор за Јанкулоска

Апелациониот суд Скопје делумно ги уважи жалбите на обвинетата Гордана Јанкулоска за предмет „Тенк“ на начин што ја преиначи првостепената пресуда во делот на одлуката за казната и обвинетата ја осуди на казна затвор во траење од четири години. Апелациониот суд Скопје во останатиот дел првостепената пресуда во целост ја потврди. – Постапувајќи по кривичниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Исклучените од парно од април нема да плаќаат паушал

Исклучените од системот за парно греење од идниот месец нема повеќе да плаќаат паушал. Регулаторната комисија за енергетика до крајот на месецов ќе ги усвои новите правила и тарифи за снабдување со топлинска енергија. Велат дека корисниците на парно греење не треба да се загрижени бидејќи ова нема да се одрази на нивните сметки. Марко […]

______________________________________________________________________________________________________

АРМ најавува санкции за војникот, кој напиша дека напаѓачот од Нов Зеланд заслужува Нобелова награда

„Нобелова награда за храброст да се даде на „напаѓачот“ човек од Нов Зеланд. БРАВО БРАВО“ напиша припадничка на АРМ на својот фејсбук профил и покрена низа критики и негативни реакции во јавноста како во Македонија така и во регионот. За „Либертас“ од Генералштабот на АРМ велат дека ќе следуваат санкции за професионалниот војник Татјана Лазаровска, […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: 20 години од НАТО бомбардирањето на Србија- загинаа меѓу 1.200 и 2.500 луѓе (Видео)

На денешен ден пред 20 години започнаа воздушните напади на силите на НАТО на тогашна Сојузна Република Југославија. За време на 78-те денови, колку траеше бомбардирањето, според официјалните податоци, загинаа меѓу 1.200 и 2.500 луѓе, додека вкупната материјална штета е проценета на повеќе десетици милијарди долари. При нападите загинаа 1.031 припадници на Вооружените сили и […]

______________________________________________________________________________________________________

Тинејџерка од Русија починала во када со мобилниот телефон во рака

Четиринаесетгодишната Јулија Висотскаја доживеала струен удар, а потоа се удавила во када во својот дом во Чебоскариј во Русија. Нејзините родители веднаш повикале Итна помош, но било предоцна. Медицинските работници можеле само да констатираат смрт. Станува збор за трет ваков случај во една година во Русија, и покрај многуте предупредувања. Во декември 15-годишната Ирина Рибиникова, […]

______________________________________________________________________________________________________

Нов Зеланд забранува поседување автоматско и полуавтоматско оружје

Нов Зеланд ќе забрани купување и поседување на сите видови полуавтоматско оружје и автоматски пушки по терористичките напади во двете џамии во Крајстчрч, кога беа убиени 50 луѓе, соопшти премиерката Џасинда Ардерн. Ардерн најави дека измената на законот ќе стапи на сила на 11 април. -Нашата историја се промени засекогаш. Сега ќе се променат и […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Ако Пендаровски загуби од Силјановска ќе се распишат предвремени парламентарни избори

Премиерот Зоран Заев остави простор за предвремени парламентарни избори, но само доколку кандидатот на СДСМ и владеачката коалиција Стево Пендаровски загуби од опозицискиот – Гордана Силјановска Давкова. Ваков дуел се најавува на 27 април, односно на 7 мај за кога се закажани следните претседателски избори. – Ако кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, загуби на претстојните […]

______________________________________________________________________________________________________

Игор Дурловски ослободен од обвинение за настаните на 27. април

Оперскиот пејач Игор Дурловски е ослободен од обвиненијата за случувањата од 27 април. Судијката Добрила Кацарска образложи дека трошоците за судењето на Дурловски паѓаат на товар на буџетот на Северна Македонија. Денеска Кривичниот суд донесе одлука со која тој се ослободува од кривичното дело тероризам кое им се ставаше на терет. Ова се пресудите: Митко […]

______________________________________________________________________________________________________

49 мртви во џамии на Нов Зеланд – напаѓачот пренесувал живо на Фејс, објави и манифест

Во градот Крајстчерч на Нов Зеланд непознати лица утрово отворија оган на две џамии. Медиумите пренесуваат дека до сега има 40 мртви. На лице место е испратена војска кој ги деактивира експлозивните направи кои беа пронајдени во возилата на приведените во близина на џамиите. Како што пишуваат локалните медиуми некои од терористите носеле облека која […]

______________________________________________________________________________________________________

Терористички напад – Најмалку 40 загинати во две џамии во Нов Зеланд ВИДЕО

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн изјави дека најмалку 40 луѓе загинале во престрелката во две џамии, што се случи во градот Крајстчрч. – Ова е еден од најтемните денови во историјата на Нов Зеланд. Она што се случи овде е досега невиден чин на насилство, истакна премиерката Ардерн. Таа додаде дека повеќе од 20 […]

______________________________________________________________________________________________________

Грчката министерка го бара „Воинот на коњ” – Нуди скулптура во замена

Министерката за култура на Грција, Мирсини Зорба, предлага размена на скулптури, така што Грција би го земала споменикот на Александар Македонски, познат како Воин на коњ, а во замена ја нуди познатата скулптура „Дромеас“, која се наоѓа пред хотелот Хилтон во Атина, пренесе Фокус. Како што пишуваат грчките медиуми, во согласност со Договорот од Преспа, […]

______________________________________________________________________________________________________

Денеска е Прочка: „Кој проштева тој љуби

Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Очигледно е дека проштевањето е обичај востановен под влијание на црквата, додека огновите, гатањата, карневалите … се остатоци од претхристијанските пролетни забави. Празникот Прочка или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени Поклади, спаѓа во најголемите христијански […]

______________________________________________________________________________________________________

Вози Југо од 99та, нема недвижен имот – што пријавил Пендаровски во имотниот лист

Координаторот за НАТО и кандидат за претседател на власта, Стево Пендаровски нема недвижен имот. Во својот анкетен лист пријавил само дека поседува Југо старо 20 години. Како личен имот пријавил само 12.000 евра за кои навел дека ги стекнал како наследство. Како имот на сопругата, Пендаровски навел Рено Меган од 2005 година проценето на 3.000 […]

______________________________________________________________________________________________________

Не смее да примат подароци поскапи од 1.000 денари за 8. Март: Еве за кого важи забраната

Учителките, докторките, но и сите жени вработени во администрацијата не смеат да примаат подароци поскапи од 1000 денари за 8-ми Март, стои во Законот за вработените во јавниот сектор, каде е регулирано примањето подароци. Забраната која се однесува на примање на подароци, воопшто, не само за Меѓународниот ден на жената, е ставено во член 39 […]

______________________________________________________________________________________________________

Каков имот поседуваат претсетелските кандидати

Ако се пребарува името на Стево Пендаровски ДКСк излегуваат дури дваанкетни листа. Првиот е додека бил пратеник во собранието, вториот е функцијата која ја има и во моментов, Национален координатор за подготовка на земјава за членство во НАТО. Телма ги спореди двете имотни состојби на Пендаровски. Разлика речиси и да нема. Пендаровски како свој имот […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали за инцидентот во Шутка: Притворениците ги разделиле напаѓачите на Ристовски, за Јанакиески не реагирале

Управата за извршување на санкциите при Министерството за правда соопшти дека го разгледале Извештајот од КПУ Затвор – Скопје, како и дека изготвиле сопствен Записник од извршениот вондреден стручно-инструкторски надзор во КПУ Затвор, за инцидентите во кои настрадаа поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Риствоски, на 21 февруари. Оттаму напоменуваат дека во Извештајот на КПУ […]

______________________________________________________________________________________________________

Работник за упадот во српското село: „Одекнуваа рафали, едвај стигнав до телефонски сигнал“

Рафали одекнуваа во моја близина, исплашен тргнав пеш кон Куршумлија, опишал 45-годишниот Миломир Стевановиќ од Теслиќ, за драматичната ситуација, кога Албанци почнале да пукаат во српски села. Тој се Вечерње новости рекол дека бил загрижен за својата безбедност, и дека едвај дошол до местото каде има телефонски сигнал и ги повикал колегите кои тргнале по […]

______________________________________________________________________________________________________

Возачот од автобуската несреќа добива закани, МВР презема мерки за заштита

Возачот на автобусот кој пред две недели се преврте на патот Скопје-Тетово при што загинаа 14 лица, а 37 беа повредени, добива закани по неговиот живот, а Министерството за внатрешни работи презема мерки за негова заштита како дел од постапката, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој очекува Јавното обвинителство за многу кратко […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1