26/06/2020 16:10
•
Posted by: MK News
Од денеска целосно се отвораат сите гранични премини во државата со што македонските државјани и странците ќе можат непречено да се движат без обврска за ПЦР-тест и државен карантин. Одлуката ја донесе Владата во вторникот врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести. Владата на истата седница донесе одлука од 1 јули да бидат […]
______________________________________________________________________________________________________
20/06/2020 17:05
•
Posted by: MK News
Со помош од 7 интернисти и двајца инфектолози како и дополнителни 60 легла, Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле ќе биде Ковид болница и за возрасни. Од понеделник можат да хоспитализираат пациенти со корона вирус од сите возрасти но не и тешко болни бидејќи установата нема интензивна нега. Изминатите два дена педијатрите испратиле […]
______________________________________________________________________________________________________
04/06/2020 16:48
•
Posted by: MK News
Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја добијат. Во соопштението од Владата наведуваат дека соодветните институции (УЈП, МОН, ФЗО) изготвуваат листа на сите граѓани и вработени со низок доход, листа од сите ученици и студенти и листа на сите здравствени работници, кои […]
______________________________________________________________________________________________________
29/05/2020 15:45
•
Posted by: MK News
Основното јавно обвинителство Скопје предлага поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ – Скопје, која е обвинета за кривично дело – Пренесување заразна болест, да биде казнета со парична казна во висина од 10 илјади евра во денарска противвредност. -По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска до […]
______________________________________________________________________________________________________
23/05/2020 15:04
•
Posted by: MK News
Министерот за здравство Венко Филипче, претпладнево го посети пациентот на кој му беше трансплантирано срце. Синоќа, првпат во нашата земја е изведена трансплантација на срце, односно трансплантација од починат донор. На Клиниката за државна кардиохирургија во Скопје, по шестчасовна операција, во два часот по полноќ беше трансплантирано новото срце во телото на 54-годишниот пациент. Два […]
______________________________________________________________________________________________________
15/05/2020 15:26
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека е продолжен рокот на важност на патните исправи и возачките дозволи чиј рок на важност е истечен во периодот на вонредната состојба и тие важат до 31 јули 2020 година. Имено, на 51-вата седница на Владата на Република Македонија, на предлог на Министерството за внатрешни работи, се […]
______________________________________________________________________________________________________
14/05/2020 14:46
•
Posted by: MK News
Нас ни е потребно продолжување на вонредната состојба, бидејќи дел од мерките кои ги препорачуваме важат за време на вонредната состојба. Битно да имаме инструменти да работиме со овие механизми во однос на рестрикцијата на движењето, рече министерот Филипче на денешната прес конференција. Не треба да има големи собири, туку толку колку што одреден простор […]
______________________________________________________________________________________________________
14/05/2020 14:41
•
Posted by: MK News
Мерките во земјава почнаа да се олабавуваат, а од вчера согласно одлуката на Влада почнаа со работа дел од моловите, спортските обложувалници и автошколите. Веќе од вчера преку центрите за едукација за возрасни може да се спроведуваат обуки и семинари. Се отворија и автоиспитните центри и Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во […]
______________________________________________________________________________________________________
12/05/2020 22:49
•
Posted by: MK News
Владата на денешната седница одлучила да се дозволи избраните и именуваните лица да патуваат во странство, но по нивното враќање, да не бидат спроведени во задолжителен државен карантин. За одлуката соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски, според кого, државните функционери, при патувањето ќе треба да го почитуваат препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести. – […]
______________________________________________________________________________________________________
24/04/2020 12:57
•
Posted by: MK News
Граѓаните кои ја прифатиле понудата на банките за одложување на отплатата на кредитите во наредните шест месеци, можат да се премислат и да продолжат со редовно плаќање на ратите. И оние кои ја одбиле понудата и продолжиле со отплата на кредитие, доколку сакаат, можат и сега да побараат одложување. Ова вчера го соопштија од Македонската […]
______________________________________________________________________________________________________
22/04/2020 10:31
•
Posted by: MK News
Истражувачи од универзитетите во кинеската провинција Жеџијанг тврдат дека коронавирусот мутирал во повеќе од 30 видови и дека ова делумно го објаснува фактот дека тој однесе повеќе животи во некои земји отколку во други делови на светот. Како што пренесува „Скај њуз“, научниците велат дека дошле до директни докази дека вирусот има мутации кои значително […]
______________________________________________________________________________________________________
02/04/2020 16:30
•
Posted by: MK News
Нови 30 случаи на корона вирусот во земјава за изминативе 24 часа. Вкупната бројка на заболени се искачи на 384. Новите бројки од Министерството за здравство покажуваат дека најмногу од новозаболените се од Скопје – вкупно 12. Следува Прилеп со 9 случаи, во Куманово има 8 а во Крива Паланка е регистриран еден случај изминатово […]
______________________________________________________________________________________________________
31/03/2020 15:24
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство преку соопштение им се заблагодарува на сите кои досега со донаци во парични средства и добра дадоа поддршка во напорите на институциите за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата. Со оглед на бројните прашања и интересот за донации, Министерството, како што се посочува, има отворено наменски донациски сметки. За директна финансиска […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2020 17:40
•
Posted by: MK News
Се забранува движењето на сите граѓани за време на викендот (сабота и недела) од 16 часот до 5 часот, одлучи Владата на денешната седница со цел поголема заштита на населението од ширењето на коронавирусот. Оваа одлука на Владата, која е дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викендот, по прес-конференцијата на министерот за […]
______________________________________________________________________________________________________
21/03/2020 16:24
•
Posted by: MK News
Од денеска во функција е Кол-центарот во Здравствениот дом во Скопје со цел да се зголеми капацитетот на телефонските линии, на кои ќе можат да се јавуваат граѓаните, а од понеделник ќе функционираат и двата пункта во поликлиниките во „Јане Сандански” и „Чаир” за земање на брисеви за тестирање за коронавирус. Исто така, од понеделник […]
______________________________________________________________________________________________________
10/03/2020 22:08
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство објави листа на земји според ризикот поради коронавирусот. Високоризични држави за патување, според МЗ, се Кина, Јужна Кореја, Италија, Иран, Франција и Германија. Средноризични се земјите кои имаат помалку од 1.000 регистрирани позитивни случаи. Меѓу нив влегуваат Шпанија, Швајцарија, Велика Британија, Холандија… Во листата на нискоризични влегуваат оние држави во кои до […]
______________________________________________________________________________________________________
09/03/2020 23:09
•
Posted by: MK News
193 лица се сместени во домашна изолација заради корона вирусот. Ваквиот непосреден и голем број на изолации е резултат на четвртиот пациент заболен од оваа болест, а тоа е лично директорката на Клиниката за кожни болести во Скопје. Меѓу изолираните се 103 лица кои присуствувале на конференцијата за дермато-венеролози каде што таа викендов држела предавање, […]
______________________________________________________________________________________________________
09/03/2020 12:12
•
Posted by: MK News
Директорката на Клниката за кожни болести е четвртиот потврден случај заболен од коронавирусот во земјава. Таа пред една недела допатувала од Италија и изминатите пет дена редовно одела на работа, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Добро е што колешката не била изминатите денови во амбуланта, рече Филипче и изрази огромно разочарување […]
______________________________________________________________________________________________________