30 новозаболени во последните 24 часа, вкупната бројка се искачи на 384


Нови 30 случаи на корона вирусот во земјава за изминативе 24 часа. Вкупната бројка на заболени се искачи на 384.

Новите бројки од Министерството за здравство покажуваат дека најмногу од новозаболените се од Скопје – вкупно 12. Следува Прилеп со 9 случаи, во Куманово има 8 а во Крива Паланка е регистриран еден случај изминатово деноноќие.

Сумирано по градови, Скопје останува на врвот на црната листа со вкупно 195 лица позитивни на корона. На второто место е Куманово со регистрирани 62 случаи. На трето место е Дебар каде очигледно воведената кризна состојба дава резултати. Во последните 3 дена бројката на заболени во овој град остана на 47.

Во услови на пандемија од КОВИД-19 кога здравствените власти постојано апелираат на почитување на препораките, тие излегоа и со упатство како да се заштитите доколку се грижите за лица заболени од корона кои се лекуваат во домашни услови.

Во низата позитивни препораки е наведено лицето – негувател задолжително да носи маска и ракавици кога е во иста просторија со заболениот. Редовна дезинфекција, проветрување и миење на рацете најмалку 20 секунди по секој контакт со заболеното лице. Да се користи посебен прибор за јадење и барем еднаш дневно да се чисти тоалетот. Да се стават ракавици пред да се внесе облеката на пациентот во машина за перење и да се избегнува тресење на облеката и постелнините од заболеното лице поради можен директен контакт на кожата и облеката со контаминираните материјали.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1