Tag Archives: s3

Филипче: Вакцината за Ковид-19 ќе биде бесплатна за сите граѓани

Државата ќе издвои буџет и вакцинирањето против Kовид -19 ќе биде бесплатно, најави министерот за здравство Венко Филипче. Во интервју за „Слободен печат“ тој говори за актуелната ситуација со ковид-19 во земјава, за очекувањата за наесен и за најавите за набавка на оксфордската вакцина ,,Астра зенека” која ќе се користи во земјите членки на ЕУ. „Имаме два […]

______________________________________________________________________________________________________

Комисијата за заразни болести даде препорака за почеток на работа на градинките

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок даде препрака да почнат да работат градинките во земјава. За „Фактор“ откриваат дека дозволата се однесува и за државните и за приватните установи кои згружуваат деца од претшколска возраст. Сметаме дека градинките ги исполнуваат условите во кои ќе бидат згрижувани децата. Само 4 до 5 вакви установи во […]

______________________________________________________________________________________________________

Ахмети: Насер Зибери треба да биде идниот премиер

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, во интервју за косовската телевизијата Т7 синоќа изјави дека по парламентарните избори во Северна Македонија, на кои неговата партија освои 15 пратенички мандати, иден премиер на земјата треба да биде Албанец, односно кандидатот на ДУИ Насер Зибери. Гостувајќи преку видео–врска во емисијата „Пресинг“ на Т7, Ахмети […]

______________________________________________________________________________________________________

Бугарија на полноќ ги затвори границите за Македонија

Од 16 до 30 јули забранет е влез во Бугарија за македонските државјани, освен ако се работи за транзит. На граѓаните на Македонија привремено им е ограничен влез во Бугарија од 16 до 31 јули, пишува бугарскиот портал Новините. Оваа забрана не важи само при транзит. Транзитот се дозволува само во случаи кога може да […]

______________________________________________________________________________________________________

Се укинува забраната во ресторани и кафулиња да седат само двајца на иста маса

Владата денеска донесе измени и дополнувања на протоколите за работа на кафулињата и на угостителските објекти за исхрана со кои се укинуваат ограничувањата за седење на две лица на една маса и ограничувањето на една маса да седат четворица само ако се од исто семејство. На седницата, како што соопшти владината прес-служба, е заклучено Комисијата […]

______________________________________________________________________________________________________

ДИК: Почнаа изборите, важечки се ливчињата на коишто е заокружен редниот број на подносителот на листата

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ја одржа првата прес-конференција по отпочнувањето на трите денови гласање во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. Портпаролот на ДИК Ад мир Шабани соопшти дека право на глас имаат еден милион 814 илјади и 263 граѓани и оти во овие три дена ќе гласаат […]

______________________________________________________________________________________________________

Границите од денеска отворени без обврска за тест и карантин

Од денеска целосно се отвораат сите гранични премини во државата со што македонските државјани и странците ќе можат непречено да се движат без обврска за ПЦР-тест и државен карантин. Одлуката ја донесе Владата во вторникот врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести. Владата на истата седница донесе одлука од 1 јули да бидат […]

______________________________________________________________________________________________________

Детската болница во Козле станува центар за лекување на Ковид позитивни

Со помош од 7 интернисти и двајца инфектолози како и дополнителни 60 легла, Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле ќе биде Ковид болница и за возрасни. Од понеделник можат да хоспитализираат пациенти со корона вирус од сите возрасти но не и тешко болни бидејќи установата нема интензивна нега. Изминатите два дена педијатрите испратиле […]

______________________________________________________________________________________________________

Не треба да се аплицира за домашната платежна картичка, проверка ќе се прави на веб

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја добијат. Во соопштението од Владата наведуваат дека соодветните институции (УЈП, МОН, ФЗО) изготвуваат листа на сите граѓани и вработени со низок доход, листа од сите ученици и студенти и листа на сите здравствени работници, кои […]

______________________________________________________________________________________________________

Обвинителството предлага казна од 10 илјади евра за екс директорка на Клиниката за кожни болести

Основното јавно обвинителство Скопје предлага поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ – Скопје, која е обвинета за кривично дело – Пренесување заразна болест, да биде казнета со парична казна во висина од 10 илјади евра во денарска противвредност. -По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска до […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче во посета на пациентот со трансплантирано срце

Министерот за здравство Венко Филипче, претпладнево го посети пациентот на кој му беше трансплантирано срце. Синоќа, првпат во нашата земја е изведена трансплантација на срце, односно трансплантација од починат донор. На Клиниката за државна кардиохирургија во Скопје, по шестчасовна операција, во два часот по полноќ беше трансплантирано новото срце во телото на 54-годишниот пациент. Два […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР: Продолжен рокот на патните исправи и возачките дозволи до 31 јули

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека е продолжен рокот на важност на патните исправи и возачките дозволи чиј рок на важност е истечен во периодот на вонредната состојба и тие важат до 31 јули 2020 година. Имено, на 51-вата седница на Владата на Република Македонија, на предлог на Министерството за внатрешни работи, се […]

______________________________________________________________________________________________________

Потребно ни е продолжување на вонредната состојба, размислуваме за алтернатива на карантините

Нас ни е потребно продолжување на вонредната состојба, бидејќи дел од мерките кои ги препорачуваме важат за време на вонредната состојба. Битно да имаме инструменти да работиме со овие механизми во однос на рестрикцијата на движењето, рече министерот Филипче на денешната прес конференција. Не треба да има големи собири, туку толку колку што одреден простор […]

______________________________________________________________________________________________________

Мерките се олабавуваат, почнаа со работа моловите, обложувалниците, стоматолошките ординации

Мерките во земјава почнаа да се олабавуваат, а од вчера согласно одлуката на Влада почнаа со работа дел од моловите, спортските обложувалници и автошколите. Веќе од вчера преку центрите за едукација за возрасни може да се спроведуваат обуки и семинари. Се отворија и автоиспитните центри и Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во […]

______________________________________________________________________________________________________

Функционерите ќе можат да патуваат во странство и нема да одат во карантин

Владата на денешната седница одлучила да се дозволи избраните и именуваните лица да патуваат во странство, но по нивното враќање, да не бидат спроведени во задолжителен државен карантин. За одлуката соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски, според кого, државните функционери, при патувањето ќе треба да го почитуваат препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести. – […]

______________________________________________________________________________________________________

Граѓаните кои го одложиле исплаќањето, можат да се предомислат и да продолжат со исплаќање на кредитот

Граѓаните кои ја прифатиле понудата на банките за одложување на отплатата на кредитите во наредните шест месеци, можат да се премислат и да продолжат со редовно плаќање на ратите. И оние кои ја одбиле понудата и продолжиле со отплата на кредитие, доколку сакаат, можат и сега да побараат одложување. Ова вчера го соопштија од Македонската […]

______________________________________________________________________________________________________

Корона вирусот мутирал во повеќе од 30 видови

Истражувачи од универзитетите во кинеската провинција Жеџијанг тврдат дека коронавирусот мутирал во повеќе од 30 видови и дека ова делумно го објаснува фактот дека тој однесе повеќе животи во некои земји отколку во други делови на светот. Како што пренесува „Скај њуз“, научниците велат дека дошле до директни докази дека вирусот има мутации кои значително […]

______________________________________________________________________________________________________

30 новозаболени во последните 24 часа, вкупната бројка се искачи на 384

Нови 30 случаи на корона вирусот во земјава за изминативе 24 часа. Вкупната бројка на заболени се искачи на 384. Новите бројки од Министерството за здравство покажуваат дека најмногу од новозаболените се од Скопје – вкупно 12. Следува Прилеп со 9 случаи, во Куманово има 8 а во Крива Паланка е регистриран еден случај изминатово […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1