ТАГА, СОЛЗИ И НЕВЕРУВАЊЕ: Полицаецот Ненад Серафимоски ќе биде погребан денеска во Зубовце


Во Гостивар владее тага и неверување по информациите дека Ненад Серафимоски, (28) од Зубовце и Горан Илиески (41) ги загубија животите во престрелките во Куманово.zaginati33

Серафимовски, како припадник на специјалните единици (тигри) е меѓу првите жртви во полициската акција која вчера се одвиваше во Куманово. Постариот Илиевски, како припадник на единиците за брзо распоредување починал вчера попладне, откако како тешко ранет бил згрижен на скопските клиники.

Ненад Серафимоски денеска ќе биде погребан на селските гробишта во гостиварското село Зубовце во 14 часот, додека погребот на Илиески, според блиските на семејстото, откако телото ќе му биде предадено на семејството најверојатно ќе биде извршен утре.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1