Две дечиња останаа без татко – херојот Сашо испратен во вечниот дом


Последно збогум последна почест – поворка од пред домот на 32-годишниот Сашо Самоиловски, кој го даде животот во акцијата за сузбивање на терористичката група во Дива населба, Куманово, го испрати до вечниот дом .

saso11

Роднините и пријателите на Сашо се простија од загинатиот чие тело беше положено на тетовските гробишта.

Триесет и две годишниот Сашо Самоиловски е родум од Брвеница, а подолго време живеел во Тетово и бил бранител во конфликтот од 2001 година.

Зад себе остави сопруга и две деца.

Тетовци ја чувствуваат огромната болка и тага од трагичната загуба и се скршени од болка.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1