Тагата остана и по 5 години: Непребол за 15 загинати бугарски туристи во Охрид


Денес навршуваат пет години од бродската несреќа во која животот го загубија 15 бугарски туристи.

Бродската несреќа се случи на 5- ти септември 2009 година во 10.35 часот на околу 200 метри од брегот во близина на плажата Елешец, кога потона бродот „Илинден“. Во несреќата загинаа 15 бугарски туристи, но благодарение на пожртвуваноста на капетанот на бродот и присебноста на посадите на бродовите „Александрија“ и „Кристина“ и други храбри граѓани, беа спасени останатите 38 туристи од Бугарија кои се превезувале со бродот.

ohrid- bugari nesrekjaПочит на загинатите им оддадоа градоначалникот Никола Бакрачески, бугарскиот конзул во Македонија Чавдар Младенов, претставници од локалната самоуправа, од охридската Капетанија на пристаништа, членови на здружението „ 5- ти септември“, граѓани.

Конзулот на Бугарија во Македонија Чавдар Младенов,  низ солзи зборуваше за несреќата потенцирајќи дека болката и секаќавањето се уште се свежи и големи.

– Утринава пред да дојдам овде во Охрид, следев програма на една од бугарските телевизии. Таму имаше репортажа за трагичниот настан пред пет години. Ги слушав изјавите на дел од спасителите, на еден човек на возраст од шеесеттина години, Македонец. Тој плачеше и раскажуваше дека спасувајќи ги бугарските туристи под водата видел двајца сопружници кои се држеле за раце. Тоа е љубов. Мене многу ми беше тешко кога го гледав тоа, и сега ми е тешко. Ние сме тука за да си помагаме и да живееме заедно. Трагедијата и маката се големи, изјави Младенов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1