,,Tagged,, – младите и ризикот на интернет (Видео)


По повод 19 Ноември – Светски ден за превенција од злоупотреба и насилство над децата, Првата детска амбасада во светот Меѓаши го промовира едукативниот филм насловен „Обележан“(Tagged) во времетраење од 18 минути.

 

Филмот е изработен од страна на Австралиската институција за комуникации и медиуми и е дел од Планот на Владата на Австралија за заштита од сајбер насилство. Во 2012 година награден е со златен медал на Светскиот медиумски фестивал во Хамбург и со сребрен медал на фестивалот за телевизија и филм во Њујорк. Станува збор за филм чија цел е да ги едуцира децата и младите луѓе за злоупотребата на интернет меѓу врсници, како и за начините како да се заштитат себе си во комуникацијата на интернет.

Покрај филмот, изработена е и веб страница на која се достапни информации за тинејџери, за родители и за наставници http://cybersmart.gov.au/tagged/  Ова претставува сеопфатна стратегија која ја презема Владата на Австралија во борбата против online ризиците со кои се соочуваат децата како и да им помогне пред се на децата, а потоа и на родителите и наставниците да ги заштитат децата од несоодветени содржини на интернет.

Филмот се препорачува за младинци на 14 години и повозрасни. Овој филм е преведен на македонски јазик и има за цел да се зајакне свеста кај младите луѓе и да се нагласи потребата за заштита на нивната приватност на интернет.

Филмот се препорачува за младинци на 14 години и повозрасни. Целта е да се зајакне свеста кај младите луѓе и да се нагласи потребата за заштита на нивната приватност на Интернет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1