Цивилизациите од надвор можат да ни донесат нова ера и живот – тие не се злонамерни и досега многу пати ја посетиле земјата, но на владите не им одговара да се дознае и ја кријат тајната 60 години – тврди Др Стивен Грир, основач на свестското движење ,,Disclosure Movement,, и на ценатрот за проучување на вонземјанска интелегенција.
Овој филм ќе ја разоткрие приказната која никогаш досега не е раскажана, вели тој.
Првиот дел од филмот покажува голем опсег на докази дека вонземјаните постојат, обелоденети се владини документи, искази на сведоци и аудио визуелни докази. Она што е ново а што овој филм го прави навистина уникатен е што во него има изјави од познати научници, војни лица за кои се знае дека работеле во владини органи, а во овој филм изјавуваат дека работеле на прикривање на доказите за вонземјани.
Вонземјаните не се злонамерни туку се загрижени за иднината на земјата. Владите 60 години кријат бидејќи знаењето кое го носат тие може човештвото да го ослободи од ланците, од војните, од нафтата, плинот, јагленот и нуклеарната енергија – тврди авторот.