Славниот холивудски актер Џони Деп деновиве со приватен авион допатува во Осијек, а веста за неговото доаѓање се проширила низ Хрватска со брзина на светлината. Причината за неговото доаѓање уште повеќе ја заинтригирало јавноста, пренесува порталот „Задовољна.хр“.
Странските медиуми долго време шушкаа за брачната криза на Џони Деп и Амбер Херд, а овие гласини ги потврдил портпаролот на славниот актер кој објавил дека двојката во тајност се развела пред неколку месеци.
Оваа вест се поклопила со неочекуваното пристигнување на Деп во Хрватска, а причината за неговата посета е уште поневеројатна. Актерот е во врска со 30-годишната Тања Микулиќ, слаткарка од Осијек.
Џони и Тања се запознале при крајот на февруари на забавата на „Венити фер“ која традиционално се одржува по доделувањето на Оскарите.
Младата хрватска слаткарка занаетот го учела во ценетата париска кулинарска школа „Ле Кордон Блу“ и станала дел од оскаровскиот гастро-тим благодарение на повикот на шефот Волфганг Пук кој ги пробал нејзините слатко и ги засакал во текот на една посета на школата.
Џони наводно не можел да и оддолее на слаткарската умешност на русокосата убавица, а се чини дека судбината навистина сакала да ја спои оваа двојка. Тања неодамна во Осијек ја отворила слаткарницата „Чоколада“, а инспирацијата за називот го пронашла во својот омилен филм „Чоколадо“ во кој Деп ја глуми главната улога.
Како што пренесува хрватскиот портал, Џони вчера во попладневните часови со приватен авион слетал на аеродромот во Осијек, а таму го дочекала Тања. Ваква голема ѕвезда не доаѓа во Славонија секој ден и веста за неговото доаѓање веднаш се проширила.
Актерот првин отишол во родната куќа на својата нова девојка каде се запознал со нејзините родители кои не сакале да ја коментираат врската на својата ќерка.
По запознавањето со семејството и пријателите, Џони и Тања во придружба на телохранители отишле во обиколка на градот, а Џони е снимен додека купувал цвекиња за својата сакана. И подарил букет со рози и потоа ја одвел во еден познат ресторан во Осијек кој бил затворен за јавноста со цел двојката да вечера во интимна атмосфера.
Тања за медиумите не сакала да дава изјави за својата врска со еден од најпосакуваните холивудски актери, но судејќи според објавите на нејзиниот профил на Инстаграм нивната љубов цвета.