Тајната на црната актовка на Путин


Рускиот претседател Владимир Путин на патувањата секогаш е придружуван од двајца морнарички офицери кои во рацете носат таинствена црна актовка што го привлекува вниманието поради нејзината содржина.

Станува збор за „атомско ковчеже“ во кое се наоѓа уред со помош на кој Путин може да лансира ракети со нуклеарни боеви глави, пиштува српски „Телеграф“. Рускиот претседател од ковчежето не се одвојува ниту кога посетува други земји.putin aktovka

Кодното име на руската нуклеарна актовка е „Чегет“. Поврзана е со посебен комуникациски систем со корирано име „Кавказ“, којшто поддржува комуникација меѓу високи владини функционери во моменти кога се носат одлуки за употреба на атомското оружје.

На рускиот претседател актовката му е при ракаво кој било момент, а според некои информации, ваков вид ковчеже имаат и министерот за одбрана и началникот на Генералштабот на Војската на Русија. Генералштабот добива сигнал и иницира напад врз основа на авторизација на кодовите за лансирање на нуклеарниот арсенал.

На 25 јануари 1995 година, во норвешкиот ракетен инцидент била активирана актовката како одговор на „Брант 12“, четворофазна звучна ракета која ја лансирале норвешки и американски научници. Тоа било единствениот пат кога нуклеарната актовка била ставена во состојба на готовност.

Рускиот претседател вчера беше во посета на Србија, а со него вообичаено беше и црната актовка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1