Тајната за да сварите добро кафе не е во кафето, ниту во машината – еве до што е


Заборавете на луксузните апарати за кафе, купување на најскапо зрно или специјални техники за мешање, бидејќи во добриот вкус на кафето најголема улога има водата, покажа студија на британскиот Универзитет Бат.

man-drinking-coffeeВо неа хемичарот Кристофер Хендон анализирал точен состав на кафето кое претходно го дал на волонтери на тестирање.

Дури и ако се користи иста сорта на зрно, кафето може да има целосно различен вкус ако се свари во различна вода од славина, заклучија научниците.

Она што најмногу влијае на добриот вкус на кафето е релативно тврдата вода, која има поголем удел на магнезиумски јони и го поттикнува отпуштањето на аромата од зрното, пишува Дејли Меил.

Различни видови на соли, со кои обилува тврдата вода потекнуваат од отпуштање на атомите од зрната кафе, поради што ни најскапото кафе не би било толку вкусно ако се подготвува во мека вода

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1