Тајни документи: Во случај на хаос психопатите идеални лидери


Неодамна објавените документи ги откриле плановите на британската влада дека во случај на нуклеарен напад, преживеаните би ги ставиле под управа на психопати.

Националната архива на Велика Британија го открила “Exercise Regenerate” од 1982-ра година, план кој имал за цел да го зачува редот во случај на најлошо можно сценарио кое може да го погоди човештвото.top-secret

Џејн Хог, научник, која работела на оваа операција сметала дека логиката, интелегенцијата и способноста да се справат со кризни ситуации и опаѓање на моралот психопатите ги прави идеални лидери во хаосот кој би настанал по нуклеарен напад.

“Во научните кругови, општое прифатено дека околу еден процент од населението е составено од психопати. Тие не покажуваат никакви психолошки проблеми во општеството кое претрпело огромни загуби. Добро се носат со кризата, не сочувствуваат со другите, немаат морален компас и обично се екстремно интелегентни”, напишала таа.

“Пред нападот, единственото решение за овие луѓе е да бидат оддалечени од општеството, по нападот, во моментите кога се потребни итниакции, формалните власти би можеле да ги регрутираат бидејќи би биле многу вредни соработници.”

Сепак, белешките од овој план откриваат дека колегите на Хог не го делат нејзиното мислење.

Инаку, билопланирано, во случај на нуклеарна војна, Кралската јахта колку може побрзо да ја одвезе кралицата, принцот Филип и секретарот. Биле организирани дури и вежби за да го подготват населението за таквото можно сценарио.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1