„Тајни пораки“- нова опција на Вибер


Корисниците на Вибер конечно добиваат нова, одлична опција- можност да испраќаат фотографии и видео записи кои можат да исчезнат веднаш по нивното гледање.whatsapp-viber-skype-smart-phone-calls

Ваквиот тип на комуникација најпрво го воведе Снепчет, преку пораки кои самите се „уништуваат“, па токму затоа популарноста на оваа апликација порасна за кусо време првенствено кај тинејџерите кои можеа да испраќаат пораки со „послободна содржина“ без страв дека тој што ги гледа или добива ќе може да ги злоупотреби. Овие фотографии исчезнуваа само за неколку секунди откако ќе се појавеа.

Идејата на Снепчет ја искористи и Инстаграм, па и таму постои опција за испраќање слики или видео пораки кои исчезнуваат веднаш по нивното отворање.

Последен во оваа низа е Вибер. Откако ќе снимите видео или ќе направите фотографија преку самата апликација за Вибер, во горниот лев или десен агол ќе се појави икона со пречкртан часовник и тука можете да одберете за колку време примателот на сликата или видеото ќе ја „изгуби“ од својот телефон – 1, 3 или 7 секунди.

И покрај тоа што ова не е новина во технологијата, „тајните“ пораки на Вибер предизвикаа голем интерес кај корисниците на оваа апликација.

Се верува дека со воведувањето на оваа нова опција и Вибер ќе добие уште повеќе нови корисници, а тоа е секако, крајната цел на компанијата која се шири од ден на ден.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1