Два автомобила од придружбата на албанскиот премиер Еди Рама учествуваа во сообраќајна несреќа на патот кон Корча при што се повредени три лица.
Несреќата се случи кога такси влетало во придружбата на Рама. Според албанските медиуми најверојатна причина за несреќата е густата магла.
Рама од Тирана патуваше за Корча, каде денеска попладне треба да се одржи заедничка седница на албанската и косовската Влада, а за утре е предвидено заедничката седница да продолќи во Валона.
Во инцидентот повредени се три лица и се хоспитализирани. Тие се вон животна опасност, а во несреќата се оштетени вкупно четири возила, од кои две од придружбата на Рама.