Таксистите ќе учат бон тон и англиски јазик на сметка на државата


Со новите измени и дополнувања на Законот за превоз во патниот сообраќај се предвидува поквалитетен превоз за учениците, вршење посебен линиски превоз, воспоставување поголем ред во такси превозот, задолжително познавање основен англиски јазик за таксистите, категоризација на автобусите во меѓународниот превоз со еколошки стандарди за да не плаќаат високи патарини…Целта е да се воспостави поголем ред и удобност во такси-превозот за граѓаните.

taxiМинистерот додава дека трошоците за учењето англиски јазик ќе ги покријат Министерството за транспорт и врски и општините. До 1 јануари 2017 година за секој такси-превозник ќе биде задолжително познавање основен англиски јазик за што ќе добие лиценца, а од 2019 година познавање еден степен повеќе.

Објавените информации во дел од медиумите за новата одредба за таксистите дека нема да смеат да земаат патници освен од такси стојалиштата, не се точни. Такси-возилото,  може да дојде на повик пред зградата или пред местото каде живее патникот или на кое друго било место каде се наоѓа патникот и да го земе, што значи дека патникот не треба да оди до најблиското такси-стојалиште. Исто така, може да се качи во такси-возило на кое било место каде е такси-возилото и да се симне на кое било место што го определил како крајна дестинација. – Такси-возилото треба да стои на стојалиштето само во случај кога е празно, односно без да има патници и без да има најавен повик дека треба да земе патник од некаде.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1