Како да си направите домашни чварки


cvarki

Состојки

  • 5 кг сланина
  • 1 л вода
  • 2 кафени лажички сол

Подготовка

  1. Сланина во вода1.Сланината потопете ја во вода и оставете ја да отстои барем 2 часа (а подобро и цела ноќ) за да се измие убаво од крвта.
  2. Исечкана сланина2.Измиената сланина исечкајте ја на коцки со големина 2х2 см. Коцките ставете ги во подлабоко тенџере и додадете околу 1 литар вода (околу 3/4 од парчињата сланина да бидат потопени).
  3. Спремна за пржење3.Ставете го тенџерете на силен оган додека да зоврие водата и повремено мешајте за да не загори. Кога ќе зоврие водата, намалете ја температурата и продолжете со варење на умерена температура (повторно со повремено мешање). За ова време течноста прво ќе стане матна (емулзија од маст и вода), а потоа ќе се избистри (само маст).
  4. Исцедена маст4.По околу 2.5 часа варење и откако ќе стане течноста бистра, исцедете ја маста во посебно тенџере. Чварките вратете ги во истото тенџере да се пржат уште се додека не добијат убава златесто-кафена боја) ама со постојано мешање за да не загорат.
  5. Подготовка на чварките5.Кога чварките ќе потемнат, повторно исцедете ја маста и пржете ги уште многу малку (околу 10-тина минути). После пржењето повторно исцедете ги, и притискајте ги со лажица (за гмечење компири за пире) за да се исцеди што е можно повеќе маст.
  6. Сервирани чварки6.Исцедените чварки префрлете ги во посебен сад и веднаш посолете ги по вкус. Се служат топли, а богами и ладни. Добар апетит!

migusto.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1