„Талир“, „Тревник“, „Траекторија“ – нови случаи на СЈО


Јавната обвинителка Фатиме Фетаи денеска на прес конференција ги презентираше трите нови предмети на СЈО под имињата „Тревник“, „Траекторија“ и „Талир“.

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска побара замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ за кој вели дека е купен со средства кои потекнуваат од кривично дело. Во овој дел од имотот спаѓа и седиштето на партијата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и други високи партиски функционери се осомничени за перење пари и нелегално финансирање на партијата во истрагата „Талир“, која денеска ја објави СЈО. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева рече дека предмет на истрагата не е политичката партија, туку поединци кои ја злоупотребиле партијата и го оштетиле нејзиниот углед и репутација.

Пет лица се осомничени во предметот „Талир“ на СЈО од кои двајца од раководството на ВМРО-ДПМНЕ се сомничат како директни извршители и тројца помагачи. меѓу осомничените се некои од генералните секретари во партијата од 2009 до 2015 година.Во овој предмет има вкупно осомничени 14 лица. Испратени се 570 покани за сведоци и сослушани се 270 сведоци. Од деловните банки им биле доставени 11.886 уплатници, а предистражната постапка е на 100 страници.

Мерки за обезбедување присуство нема да бидат побарани во овој момент за трите предмети кои денеска ги отвори СЈО, но ако понатаму има сомнежи за повторување на делото ќе се побара притвор.

– Во случајот „Тревник“ осомничени се три лица за изградба на три викенд куќи без да имаат право за градба. Според доказите, овие три куќи почнале да се градат во 2011 година, а во 2013 година сопствениците добиле дозвола за градба иако тогаш објектите биле завршени. Законот за градба предвидува обратен редослед – рече Фетаи.

Во предметот „Траекторија“ осомничени се четворица поранешни припадници во Владата кои во 2012 и 2013 година презеле дејствија за изградба на автопатот Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, а со своите постапки на Буџетот на Македонија му нанеле штета од 155 милиони евра, непочитувајќи го Законот за јавни набавки и постапувајќи според правила на кинеската фирма и банка која ги дала парите за изградба на овие патишта.

– Во случајот „Талир“ станува збор за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Постои сомнение дека на претседателот на партијата му биле познати законските ограничувања, но тој сепак од 2009 до 2015 година овозможил незаконско финансирање на партијата. Мотивите за тоа биле од лична природа, за целосна контрола на партијата и негова доминација во партијата и земјата -рече Фетаи.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1