Тамара Тодевска заврши на 8 место на Евровизија – Спектакуларна ноќ полнa со возбуда, особено за нашата земја.
Цела вечер бевме во водство, а кај Тамара можеа да се забележат и солзи во очите. Многу земји ни дадоа 10 и 12 поени, а ова е прв пат нашата земја да има толку поени. Тамара бесе втора по гласовите од жирито, а Шведска и бегаше за само два поена. Но гласањето од телевоутингот направи целосен пресврт на табелата. И на крајот на прво место изби Холандија, а Тамара заврши на осмото место.
Од соседите Србија и Албанија ни дадоа 12 поени, Грција само 1.
Тамара Тодевска настапи под реден број 8. со песната “Proud”