Тамара немала препорака за итен случај


Лекарите од конзилијарната комисија не дале препорака дека малата Тамара треба итно да се испрати на нова операција, јави Алсат-М.TAMARA44

Тимот лекари, предводен од врвен спинален хирург од Турција, месецов требало да и закажат операција на малата Тамара во турска клиника. Додека се запазувале бирократските процедури, малата Тамара, утринава, поради компликации од искривувањето на ‘рбетниот столб почина.

Од друга страна пред само неколку дена семејството добило информација дека болница од Чикаго е заинтересирана да ја оперира малата Тамара, и тоа според информациите бесплатно. Но малечкото срце не издржа

Лекарите претпоставуваат дека најверојатно детето починало од тоа што со деформитетот се намалил волуменот на градниот кош.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1