Ташна „Луј Витон“ запленета во домот на Катица Јанева


Женска ташна „Луј Витон“ била на листата запленети предмети од домот на Катица Јанева на 21 август објавува „ТВ24“

Според информациите на ТВ24, не станува збор за „фамозната“ ташна во која во домот на Орце Камчев се пребројувааат и завршуваат милион евра. Но, ако се изведува како доказ во судска постапка ќе послужи како пример за луксузот со кој била опкружена поранешната шефица на СЈО, вели доброупатен извор од истрагата.

Според истиот извор, скапата Луј Витон ташна на Јанева се уште е во Обвинителството.

Од друга страна Јанева утре по три основи ќе проба да го „собори“ обвинението со кое Вилма Русковска ја гони за аферата „Рекет“. Поранешната специјална обвинителка ќе го оспорува кривичното дело. Нема опис кој во обвинението точно кажува што и како ја злоупотребила положбата како шефица на СЈО, смета адвокатот Дељо Кадиев.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1