Татко и две деца се повредени во сообраќајка кај Росоман


Татко и две деца се повредени во сообраќајната незгода што попладнево околу 18 часот се случи на патот Градко-Прилеп во близина на Росоман. Од полицијата ја потврдија незгодата и информираа дека 45 годишниот Ѓ.М од струмичкото село Бањица се здобил со тешки телесни повреди, скршеница на левата потколеница, јавува Утрински весник .Тој управувал товарно возило „Застава“ која се превртела на патот. Заедно со него биле и трите негови деца.

policijanokni5 По укажаната помош во болницата во Кавадарци тој бил пренесен на скопските клиники. Со полесни повреди поминале двете деца на Ѓ.М и по укажаната помош во болницата се пуштени на домашно лекување.

Заедно со таткото во камионот “Застава” кој од непознати причини се превртел на патот било уште едно дете на Ѓ.М кое поминало без повреди.

Во извлекувањето на повредените од превртениот камион учестувале и пожарникари од кавадаречката противпожарна единица.

Полициска екипа од Кавадарци извршила увид на местото на незгодата, а дополнително ќе се утврдуваат причините, дали дождот и влажниот коловоз може да “помогнале” во незгодата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1