Сара Смит родила син кој денес има 8-години и кој воедно е и нејзин брат. Нејзиниот татко седум години ја силувал при што Сара двапати забременила.
– Како што старее мојот син секогаш кога ќе го погледнам во него го препознавам мојот татко и пред очите ми прелетуваат слики со силувањата, така што неговото одгледување за мене е многу тешко. На жалам затоа што го имам мојот син, туку жалам за тоа што имаме ист татко, рекла девојката, која нејзиниот татко ја силувал најмалку три пати неделно.
Таа во текот на сите седум години ги молела социјалните работници да и помогнат раскажувајќи им дека нејзиниот татко ја силувал повеќе од 1.000 пати. Сара минатата година добила 160.000 фунти оштета бидејќи надлежните не ја исполниле својата должност.
– Како што старее мојот син секогаш кога ќе го погледнам во него го препознавам мојот таткп и пред очите ми прелетуваат слики со силувањата, така што неговото одгледување за мене е многу тешко. На жалам затоа што го имам мојот син, туку жалам за тоа што имаме ист татко, рекла девојката, која нејзиниот татко ја силувал најмалку три пати неделно.
Сара за првпат забременила од својот татко на 15 години, ја излажала мајка и дека таткото е некое момче кое заминало и абортитала.
Tри години откако започнала нејзината агонија, Сара за силувањата и раскажала и на нејзината мајка, која не сакала да и поверува. По што очајната Сара застанала еден полицаец на улица и му раскажала сè.
Таткото-монструм тогаш не е осуден бидејќи не успеале да ги докажат силувањата.
Девојчето повторно останало бремено од нејзиниот татко на 17-годишна возраст. По неколку години случајот го пријавила во полиција нејзината сестра, и по направената ДНК анализа, таткото е осуден на 19 години затвор.