Татко и маќеа од Скопје заработија условна казна бидејќи го малтретирале малолетното детенце. Како што пишува „Вест“, деветгодишното детенце монструмите крвнички го тепале и го бркале од дома, па било приморано да седи и да спие на клупа во парк.
48-годишниот Селатин Сељмани и 44-годишната Саније Зекири добија казна две години затвор, која нема да се изврши ако пет месеци не го повторат монструозното дело. Деветгодипното дете било удирано со клоци и тупаници, бркано од дома, а бидејќи му ја заклучувале вратата, тоа спиело надвор во парк.
Во скопското училиште каде што учи детето забележале модринки, па ги известиле полицијата и социјалните служби. Тоа раскажало дека ги здобило од неговиот татко. Момчето било прегледано во болница каде што му откриле хематоми.
Обвинетиот е татко на уште три деца, а мајката на шест.