Жител на селото Сушица, Општина Ново Село, вчера во 21 часот додека се туширал во купатилото, од неисправна електрична инсталација добил струен удар и починал на самото место.
Откако тоа го забележал неговиот син М.П.(30), сакајќи да му помогне на својот татко И.П. (54) и тој добил струен удар и починал. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител, увидна екипа од СВР-Струмица и од ЕВН.