Татко монструм: 11-месечниот син го користел како штит додека пукале во него


Таткото Нафес Монро, во пукање во Филаделфија своето дете од 11 месеци го користел како штит додека се обидувал да купи дрога со фалсификувани пари, после што е уапсен, а детето е префрлено во болница со страшни повреди.

Монро со себе во паркот го земал и малиот син, Јазин Џеникс, за да ги обесхрабри трговците на дрога да пукаат во него, ако откријат дека всушност им плаќа со лажни пари.

Меѓутоа, кон него пукал напаѓачот додека седел во кола со синот, девојката и еден маж.

Беберто е рането 4 пати, а куршумите го погодиле во глава, гради и во задникот.

Монро е уапсен и обвинет за загрозување на животот на детето.

„Станува збор за татко кој после пукањето не го однел детето во болница, туку прво го однел дома. Подоцна го однел на лекар, го оставил таму и повеќе никогаш не се вратил“, рекол Ентои Воси, управник на Одделението за убиства.

Уапсен е и напаѓачот Франциско Ортиз (29) кој е обвинет за обид за убиство и други кривични дела.

11-месечното бебе и понатаму е во критична состојба во болница. 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1