Татко-монструм во Србија: Го давел бебето за да не го уапсат


Полицијата во Србија се сретна со грозоморен настан откако спаси двегодишно детенце од рацете на 28-годишниот Далибор К. кој излегол од затвор на викенд.srbija belgrad policija

Патролата дошла во неговата куќа по пријава за семејно насилство од соседите, но направил драма заканувајќи се дека ќе го убие бебето ако некој му се доближи.

Полицијата за среќа успеала да го оттргне малото детенце од рацете на насилникот и да спречи трагедија.

Драматичната ситуација полицијата ја затекнала околу 22 часот во петок, во куќата каде живее сопругата на затвореникот. Далибор се расправал со неа, па го земал синот и почнал да го дави.

Со мала гребнатина на вратот момчето е пренесено во болница, а Далибор е вратен во затвор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1