Ентони Сукто имал само 8 години кога неговиот татко за малкју ќе извршел двојно убиство. Момчето кое го преживеало нападот на својот татко во Сиетл денес има 18 години и живее во Тексас со својата тетка.
– Ве молам помогнете.Татко ми ме уби со нож и умрев.Се разбудив и видов како мојоттатко ја убива мојата мајка, а потоа ми рече да се тргнам на другиот кревет бидејќи јас сум следниот. Потоа и мене ме уби. Меѓутоа јас сум жив. Некако преживеав – рекло тогаш 8-годишното момче кое успеало да повика помош.
Неговиот татко првин брутално ја нападнал неговата мајка и ја убил, а потоа го нападнал својот син на кој му задал шест убодни рани во лицето и во стомакот. Уверен дека момчето починало, тој ја напуштил куќата, а Ентони повикал помош.
Кога објаснил дека неговата мајка лежи мртва покрај него, а тој сериозно крвари, неговиот татко повторно влегол во куќата. Малиот Ентони ја спуштил слушалката. За среќа полицијата веќе била пред врата и го уапсила таткото.
– Незнаев дали ќе преживее. Во неговите очи ја видов смртта – изјавил еден одполицјаците кој прв пристигнал на местото на злосторството и му го спасил животот на момчето.
Ентони преживеал со чудо. Во разговор во популарното шоу на Опра Винфри тој изјавил дека ангелите му рекле да се преправа дека е мртов, а потоа го подигнале од креветот и му рекле да го земе телефонот и да побара помош.
Неговиот татко,Тони Сукто е осуден за убиство од прв степен и добил затворска казна во траење од 25 години. Иако никогаш не стапил во контакт со својот татко, Ентони се надева дека еден ден кога неговиот татко ќе излезе од затвор ќе може да позборуваат и да му порача дека се му простил..