Татко за да добие старателство, на децата им дал колачиња со дрога


Чед Холм (37) од Демоин, Вашингтон обвинет е дека на своите двајца синови, на возраст од пет и седум години, им дал колачи зачинети со дрога, за неговата сопруга воедно и мајка на децата, со која се разделил во април 2011 година, да падне на тестот за дрога.

droga decaХолм е обвинет и дека фалсификувал резултатите од тестот за дрога за да биде чист, затоа што тој и неговата сопруга додека биле заедно користеле метамфетамин.

По разводот, децата разговарале со Чед, а мајката ставена на програм за лечење од дрога. Била чиста речиси една година, додека во септември не добила позитивен резултат на метамфетамин, иако тврди дека не земала никакви дроги.

Потоа се сетила дека колачите кои нејзините синови ги донеле дома, имале грозен вкус. Таа и нејзиниот пет годишен син заедно поделиле едно колаче, но не можеле да го изедат затоа што имало чуден вкус.

336114_otac-02_fТаа се сомнева дека Чед и неговата девојка се обидувале да ја уништат пред следното рочиште на кое треба да се расправа за старателството над децата.

Иако Чед тврди дека ниту користи ниту поседува дрога, кај него се пронајдени траги од метамфетамини.

Исто така, на судот му приложил лажни резултати кои покажувале дека е чист. Од друга страна, неговата поранешна сопруга денес на Фејсбук си честитала себе си, што веќе цела година не земала дрога.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1