Расчистено е убиството во скопско Ѓорче Петров. Ососмничениот Насер Е. е приведен и се наоѓа во полициска станица.
убиството се случило околу 15:15 часот откако Насер Е. влегол во дворот на сега убиениот Ангел П. и му го украл велосипедот.
Ангел забележал и заедно со својот татко Сашо, со нивното возило тргнале да го бркаат крадецот. Го бркале до очната клиника каде на насипот дошло до физички контакт меѓу Ангел и Насер, по што 19 годишното момче е прободено.
Според првичните информации, мотивот е банален, односно кражба на велосипед.
Пристигнувањето на директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков заедно со тешко вооружени полицајци со автомати на местото каде пред неполни три часа беше убиено 18-годишно момче, предизвика бес кај населението, пренесува Плусинфо.
Група од стотици жители на Ѓорче Петров сè уште ги блокираат сите приоди кон очната болница во населбата, каде беше убиен матурантот, а во знак на револт ги палат контејнерите.