Таткото на Анџелина не знаел за свадбата – кога дознал рекол само „Баш фино“


Таткото на Анџелина Џоли, глумецот Џон Војт, дознал за свадбата на ќерка си во исто време кога дозна и целиот свет.

tatko andjelina joliОскаровецот давал интервју утрово кога веста за свадбата го обиколи светот, па кога го прашале како било, тој одговорил дека воопшто не бил информиран за тоа. Кога од него бил побаран коментар за настанот, тој само рекол: „Баш фино“.

Славната холивудска двојка се венчала во саботата во Франција, во замокот Миравал, во присуство на семејството и пријателите.

Луксузниот имот кој располага со приватно езеро, неколку хетари лозје од кое се подготвува врвно вино, базен и огромна градина, изгледа бил совршеното место за судбоносното „да“ на Бред и Анџелина.

Вилата располага и со 35 соби во кои биле сместени гостите, помеѓу кои се нашле само најблиските пријатели и блиското семејство.

Најстарите синови на парот, Медокс и Пакс, ја испратиле Анџелина до олтарот, додека Захара и 5-годишната Вивиен расфрлале латици од рози. Шилоу и Нокс ги носеле прстените за време на церемонијата.

Screenshot_45

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1