Таткото на Боки13 не чувствува вина: Не знам зошто сум осомничен


Заврши распитот во Кривичниот суд и на Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски-Боки 13, кој е еден од осомничените во проширената истрага за „Рекет“.

Во кратката изјава за ТВ21 која ја даде по распитот, Миле Јовановски, рече дека не знае зошто е осомничен. Тој додаде дека не чувствува вина и негираше дека присуствувал на состаноците за изградба на домови.

Случајот доби нов тек откако вчера беа осомничени уште четири лица. Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вчера потврди дека истрагата во првиот дел за „Рекет“ е при крај и дека обвинителката Рускоска работи на донесување одлука, додека надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција вчера донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „измама“ и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1