Ременски не чувствува вина: Нема да поднесам оставка


Пратеничката Фросина Ременски во Кривичниот суд се произнесе пред судија на претходна постапка во врска со случајот „Рекет“.

По еден час распит во Кривичниот суд осомничената пратеничка Фросина Ременски изјави дека не чувстува вина за проширената истрага за Рекет. По распитот таа изјави дека ќе соработува со обвинителството за целосно расчистување на случајот но дека нема намера да поднесе оставка од функциите се додека не се докаже нејзината вина, пренесе Сител.

Во Судот денеска треба да се јават уште неколку лица осомничени во проширената постапка за овој случај.

Случајот „Рекет“ доби нов тек откако истрагата се прошири на уште четири лица, а синоќа на потпретседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ, по приведувањето во Кривичниот суд, и беше одреден куќен притвор. Мандиќ се сомничи за измама и перење пари во проширената истрага за овој случај.

Обвинителката Вилма Рускоска, која е надлежна за овој случај, синоќа изјави дека кај тројцата осомничени во проширената истрага е определен налог за претрес.

Се очекува денеска да биде поднесено и обвинението за првиот дел од истрагата. Рускоска, синоќа изјави дека има „битни докази“ за обвинението. Таа посочи и дека еден од осомничените побарал спогодба за првиот дел од истрагата.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција вчера донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „измама“ и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот, се подвлекува во соопштението, присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1