-Дамир, ми ја грабнаа Маша од раце, ми рече сопругата Мирјана по телефон. Излетав од состанокот на кој бев во тој момент.
На патот до дома не се сеќавам, само Маша ми беше пред очите. Само се молев да е жива…
Со овие зборови за српски Курир ја започна исповедта Дамир Пренковиќ, татко на двегодишната Маша која беше киднапирана од страна на тројца француски државјани во населбата Браќа Јерковиќ, недалеку од семејниот дом.
Минутите како вечност
-Зошто токму мене да ми се случи? Како на нас, ние сме сосема обично семејство…Што ќе му е некому мојата Маша? Тие зборови ми поминуваа низ глава.
Само таа ми беше во глава, како е, дали е исплашена, дали плаче, каде ја водат тие луѓе. Знаев дека мора брзо да ја пронајдат зошто ако тоа не се случи кој знае што ќе биде со моето девојче, раскажува Дамир Пренковиќ.
Тој брзо стигнал до местото каде е грабната неговата ќерка. Ја здогледал сопругата, која била опкружена со инспектори. Драмата туку што почнуваше.
-Додека ја бараа Маша, минутите траеја како вечност…
Им испраќав слики на инспекторите, чекав вести, луѓето ме тешеа. И тогаш дојде полицаец и ми рече дека детето е пронајдено!
Тргнав со полициска кола за Сремска Митровица и само си повторував во себе дека ние сме добри луѓе и дека се добро ќе заврши, потресено говори Дамир и истакнува дека бескрајно им е благодарен на полицајците и персоналот од Институтот за мајка и дете за тоа што се погрижиле за Маша.
Тој вели дека ќерката му била збунета кога е пронајдена.
-Кога ја зедов во прегратка, се обидов да ја забавувам, и зборував работи што вообичаено и ги зборувам, се играв со неа..Но моето дете не можев да го препознаам, беше така беспомошна и збунета. Не реагираше на моето име, на мене. Дури кога ја виде мајка си во полициската станица, изговори тивко „мама“. Таа постојано ја лижеше долната усна, инаку тоа никогаш не го прави, па во полција се посомневаа дека киднаперите и дале некој седатив за да ја зашеметат и така полесно да ја префрлат преку граница, вели Дамир, додавајќи дека во понеделник ќе се знаат резултатите од анализата на крвта на Маша.
Пренковиќ вели дека со грабнувачите не се сретнал, но неговата сопруга да.
-Мира даваше изјави, па потоа ја одведоа да ги идентифукува киднаперите. Жената која го возела автомобилот ја препознала, но човекот не можела зошто ја нападнал од зад грб, говори Дамир и додаве дека едвај чекале да бидат дома сите заедно.
Дамир вели дека не знае зошто неговата ќерка е грабната.
-Незнам. Можеби ја виделе нејзината слика на Фејсбук. Поставував фотографии, но никогаш не размислував за опасносите. Во Франција имам роднини, но никогаш не сум бил таму.
Неговата сопруга Мирјана која е професорка по француски јазик им помогнала на српските полицајци при преводот на личните документи на уапсените киднапери.