Таткото на Никол Кидман загина во несреќа во Сингапур


Таткото на познатата холивудска актерка Никол Кидман загина во несреќа во Сингапур.

Се претпоставува дека д-р Антони Кидман загинал при пад додека престојувал во Сингапур, во посета на сестрата на Никол, Антониа Кидман.

Д-р Кидман бил клинички психолог во Кралската болница во Сиднеј и директор на катедрата за психологија при тамошниот Универзитет.nikol kidman 2

Од болницата каде работел не коментираа ништо за ненадејната смрт на водечкиот лекар.

За својот придонес во клиничката психологија посебно за истражувањата како тешките болести влијаат врз психата на пациентите, доктор Кидман бил и наградуван.

Инаку семејството Кидман отсекогаш било блиско меѓу себе и секогаш кога имале прилика биле заедно.

Сестрата на Никол живее во Сингапур со сопругот и шесте деца, а нејзиниот татко често ја посетувал.

Актерката Никол Кидман во јануари на црвениот килим во Мелбурн се појави со таткото и сопругот Кит Урбан.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1