Конечна пресуда: Писториус прогласен за виновен за убиството на Рива Стинкамп!


Параолимпиецот Оскар Писториус е осуден за убиство од небржност, откако избегна посериозните обвиненија за убиство на неговата девојка Рива Стинкамп на Денот на вљубените минатата година.

Тој исто така беше ослободен од обвненијата за пукање од огнено оружје во јавност и нелегално поседување на муниција.

oscar-pistorius-4_2480631bСудијката Токозиле Масипа рече Писториус постапил неразумно и небрежно кога испукал четири истрели од пиштол кон врата од талетот во неговиот луксузен дом во Преторија, при што загина Стинкамп, која во тој момент била зад вратата.

На вчерашното рочиште судијката рече дека обвинителството не успеало да докаже дека олимпискиот спортист намерно ја убил својата девојка во тоалетот по расправија.

– Тој не можел да предвиди кој и да бил зад вратата на тоалетот, рече таа и додаде дека тој бил двосмислен сведок, но тоа не значи дека е виновен.

Јужноафриканскиот спринтер негира дека ја убил Стинкам, велејќи дека мислел оти е натрапник.

За убиство од небржност во Јужна Африка е предвидена и затворска казна до 15 години.

Рива Стинкамп, 29-годишна моделка и дипломирана правничка, беше погодена со три куршуми испукани преку вратата на тоалетот во домот на Писториус во главниот град Преторија, во раните утрински часови на 14 февруари 2013 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1