Е ова е директор: Зел кредит за да направи школо за сиромашните деца


Кепа Каунја е директорот на едно мало и сиромашно училиште во Кенија. Иако е непознат за светот, па дури и во својата родна земја, неговиот лик и дело се вредни за восхит. Неговата жртва е огромна – се’ за образованието и се’ за децата. Директор како што само би можеле да посакате, пренесува Точка.ком.мк.

Местото е Матиси, предградие на гратчето Киталеа во далечната Кенија, а главниот лик е најверојатно совршен прототип на тоа што треба да биде еден директор на училиште – Кепа Каунја. Малиот учител Кепа, како што сакаат да го нарекуваат познаниците, почитта и љубовта ја заслужил работејќи за доброто на заедницата еудцирајќи ја новата генерација.

kepha-se-bori-za-siromashnite-deca-vo-Kenija-gi-educira-2Кулминацијата на неговата работа настапила во 2012-та година кога овој скромен наставник подигнал кредит за да отвори бесплатно училиште за оние најсиромашните, дечиња без родители, деца од улица. Денес, неколку години подоцна, 35 ученици секојдневно водат војна против незнаењето, а Кепа и уште шест професори волoнтираат и се обидуваат да им обезбедат подобра иднина и бегство од пеколот на овие дечиња.

Но да почнеме по ред.

За своето образование се изборил сам – Денешниот директор на Grace Heal High School пред 47 години се родил како едно од вкупно 11 деца во прилично сиромашно кениско семејство. Како што најчесто се случува, недостатокот на пари, него и неговите браќа и сестри ги спречувал во исполнување на нивниот интелектуален потенцијал. Многу други би се откажале, но тој од “инает” на помалку способните но побогати, не сакал да си ги дозволи тоа.

“Кога завршив основно училиште морав да запрам. Сепак кога видов кој учи и кој се’ го продолжува своето образование морав да работам, да заработам пари и да запишам средно училиште. Најпосле ми успеа. Се запишав во едно од најдобрите училишта во Кенија. Го посетував два семестри и потоа повторно морав да го напуштам. Се чувствував ужасно. Започнав повторно да работам и се вратив. На крај го завршив. Потоа започнав да му помагам на мојот помлад брат”, кратко раскажува директорот.

Децата од улица во клупите на неговото училиште – Маката низ која поминувал во детството и раната младост оставила длабока трага на неговата личност па сега развил желба и потреба да им помага на другите. Коренот на добрината ја нашол во сопствената несреќа. Со тек на време започнал да ги прима децата без родители во својот дом и им помагал да опстанат.

kepha-se-bori-za-siromashnite-deca-vo-Kenija-gi-educira-1“Многу деца од околината го напуштаа училиштето поради истата причина. Од истата причина поради која го напуштив и јас пред 30-тина години. Немаат пари. Ми беше жал. Тоа е голема штета. Зборував со неколку колеги, професори и размислувавме како да им помогнеме па одлучивме да им даваме приватни предавања. Таа 2011-та година, од седум ученици на кои им дававме предавања, двајца запишаа факултет. За условите кои владеат во Матиси тоа е фантастично па бевме многу горди и среќни”, вели Кепа и додава дека тој неочекуван успех бил првиот чекор во создавањето на Grace Heal High School.

Поттикнати од овој успех, следниот семестар пред вратите на професорите се појавиле стотици ученици. Секако, без средства и без простор не можеле да им помогнат. Кепа донел одлука – ќе подигне кредит за да изнајми земјиште и да изгради училиште. Тој не само што го изградил училиштето, туку и со оглед на финансиската состојба на своите ученици од нив не барал да ја платат школарината а професорите работеле како волонетри. За трошоци имаат само превоз и храна. Кепа напоменува дека тој не е богат човек, тој работи како професор и свештеник во друго училиште за да може да го финансира Grace Heal.

“Ми беше жал да се вратат на улица. Купив мебел и платив кирија за земјиштето на кое е училиштето (околу 120 долари месечно). Исто така треба да им го платам превозот на професорите. Тие работат бесплатно, но мораат да пристиггнат некако до овде, нели?. Ќе дојдат да побараат работа но ќе ги допре приказната за овие деца и остануваат да работат. Кога немам пари за превоз им давам кога ќе соберам”, раскажува директорот. Денес во неговото училиште одат околу 35 ученици од кои некои живеат во училишниот двор, а некои кај самиот директор. Шестте професори кои предаваат во Grace Heal High School се волонтери.

“Некои од нашите денешни ученици немале никаква можност за образование. Чувале стока, работеле што можеле. Понекогаш навистина тешки работи кои не се за деца. Ќе ги сретнев на улица и зборував со нив. Помислив, можеби не се образоваат бидејќи се сиромашни. Им нудев да дојдат во нашето училиште и многу од нив со радост прифаќаа. Дел од нив живеат со еден родител или со бабата, дедото, вујкото… а некои немаат никого. На нив животот им е многу тежок”, зборува Кепа.

Спонзорите им помагаат на богатите – Иако државата постојано измислува нови лиценци (последната би требала да го чини три илјади долари) тој не ни помислува да се откаже. Планира, како што сам тврди, да купи парче земја подлабоко во сиромашните квартови бидејќи таму цените се поприфатливи и да направи вистинско училиште. Постојан објект кој нема да биде од брановиден лим, побезбеден и подобар.

“Тоа ќе биде голем трошок, но ќе биде поприфатливо и ќе ни овозможи поквалитетно и подобро да работиме. Но знаете, без пари е тешко, а јас од нив не можам да барам да платат школарина бидејќи знам дека немаат од каде”, сочувствително открива Кепа додавајќи дека повеќето студенти немаат пари дури ни за ручек, а не за годишна такса од 300 долари.

Со оглед на специфичноста на ситуацијата, директорот бара помош на други места. Молел за помош кај локални финансиери па и кај меѓународни, но сега за сега добар дел од нив остануваат слепи за битката која ја води овој Дон Кихот.

“Локалните спонзори одбегнуваат да му помогнат на училиштето кое многу се мачи. Во Кенија ситуацијата е таква што доколку станува збор за дете некоја угледна личност ќе му помогне и самиот претседател, но доколку станува збор за дете од улица никој нема срце. Финансиерите попрво би вложиле во некое богато училиште каде што парите ќе им се рефундираат отколку да направат обична донација. На ова место навистина му е потребна помош, поради тоа нема да се откажам”, изјавил Кепа за крај надевајќи се дека неговата приказна ќе се слушне

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1