Таткото на сараевскиот терорист откри детали за синот – не сака да му оди на погреб


Шахин Омерагиќ кажал дека со синот Енес во последните неколку години немал добри односи, како и дека забележал дека чудно се однесува.

Исто така Шахин Омерагиќ кажал дека вчерашните настани г следел  преку медиумите и дека телото на синот кој вчера се разнел во приземјето на куќата не го видел. Како што кажал само се симнал до местото каде тоа се случило и видел крв, што го натерало да заплаче.tatko-terorist500

-Точно е дека со синот не комуницирав. Живееше сам во приземјето од куќата. Не се каравме, но немавме ни за што да зборуваме, бидејќи тој мене ме караше кога ќе видеше дека пијам пиво. Ми зборуваше „носи го тој ѓавол подалеку“- кажал таткото.

Низ солзи раскажал дека нема да отиде на погребот кај синот како и дека му е жал за момчињата кои вчера ги убил.

-Секој го сака своето дете, па и јас него, но не можам да му простам што ја уби оваа младост. Како што слушнав тој и го познавал еден од мажите кои вчера ги убил, бил пријател со нив. Знам дека станува збор за момче кое родено во 1981 година но не знам како се вика – раскажал Шахин за регионалните медиуми.

Тој потврди дека нема добри односи ниту со зетот кој му бил близок на вахабистичкото движење.

-Од пред некои четири години не зборувам ниту со зетот. Не го поддржувам тоа што го прави, а секој контакт го прекинав  кога пред една година ме уапсија и ме приведоа на сослушување поради зетот. Од тогаш доаѓал уште неколку пати во нашата куќа, но никогаш не сме седнале заедно на маса – изјавил Шахин.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1