Иван беше суров кон сите, а жената често ја тепаше. Нас не исфрли од дома, а сопругата секојдневно ја малтретираше. Не знам ни зошто му отишла да го посети во затворот – низ солзи ја раскажува својата тажна животна приказна таткото на монструмот од Србија кој ја задави со голи раце својата сопруга за време на посетата.
– Подобро ќе беше јас да го задавев на време, барем снаата ќе ми беше жива – вели очајниот таткоза српскиот Ало.
Таткото вели дека синот уште во средношколските денови загубил контрола. Влетал во лошо друштво и почнал да се дрогира. Правел секакви глупости. Монструмот од Србија, Иван Милошевиќ, си ја задави со голи сопругата Бојана која дошла во посета во затворот каде Иван одлежувал затворска казна.